Трансродовите лица спаѓаат во најмаргилизираната група во ЛГБТ заедницата. Дискриминирани и комплетно невидливи, трансродните сексуални работници во Македонија се неприфатени од општеството. Лошите услови во кои работат и живеат, и немањето поддршка во процесот на нивната транзиција од маж во жена, ги тера овие лица да живеат двоен живот.
Ваков двоен живот со наизменично менување на идентитетот, живее ЛИЛА веќе 12 години. Преку ден работи како хонорарец, а навечер како трансексуалец. Некои искуства ги опишува како ужасни.
Лила преку своето лично искуство говори за проблемите со кои се соочуваат трансродовите сексуални работници во Македонија.
„Од клиентите што сум ги имала до сега, 70 % биле ОК, а другите 30 % биле клиенти кои сакаат да се изживуваат со тебе, кои што мислат дека ако платиле одредена сума пари треба да те поседуваат и да прават со тебе што сакаат, да те влечат за коса, да те малтретираат, за да на крај ти кажат, извини ама јас за ова имам платено. Досега како сексуална работничка немам пријавено случај на насилство, не сум била физичка нападната од клиент, но сум била психички малтретирана. Еднаш ми се има случено да бидам сексуално злоупотребена, но не сум имала храброст тоа да го пријавам во полиција, од едноставна причина што сум сексуална работничка 10
и кога ќе кажам дека ме силувале тројца луѓе ќе ми одговорат, сама си го барала“, вели Лила.
Лила јавно говори и за нејзината трансформација од маж во жена:
„На почетокот кога почнав да се трансформирам од маж во жена ми требаа час до час и половина бидејќи не бев искусна , бев нова и незнаев толку умешно да го правам сето тоа, но со тек на времето се повеќе и повеќе ги совладував техниките. Сега веќе ми требаат од 5 до 10 минути да се трансформирам од маж во жена. Клиентите најчесто сакаат да носам мрежести хулахопки, подвезици, високи потпетици, долен веш во црвена боја која многу ги возбудува. Имам и клиенти кои што сакаат садо мазо, лисици, маски и камшици“.
[