На седницата оддржана на ден 21.05.2021 година на Годишното собрание на членовите на Здружението, со 25 гласа ЗА, двајца отсутни од точката на гласање за избор на Претседател и ниту еден Против или Воздржан, Собранието како највисок орган изгласа доверба, го реизбра и му додели нов мандат на кандидатот Борче Божинов во времетраење од 4 години, почнувајќи веднаш а завршувајќи на 20.05.2025 година за извршување на функцијата Претседател на Собранието и Здружението.
Собранието едногласно и недвосмислено ги призна заложбите на Претседателот за остварувањата постигнати во изминатиот мандат, и ја поздрави неговата посветеност во растот и развојот на првиот регистриран колектив на сексуални работници на Балканот, градени на ранливи и кршливи темели од своето основање па до денес.
УПРАВЕН ОДБОР На седницата оддржана на ден 21.05.2021 година на Годишното собрание на членовите на Здружението, со 22 гласа ЗА, пет отсутни од точката на гласање за избор на членови на Управниот одбор на Здружението и ниту еден Против или Воздржан, Собранието како највисок орган го изгласа составот на Управниот одбор во времетрање од 4 години. По предлог на Претседателот, а по прифаќање на предлогот од страна на Собранието, за членови на Управниот одбор на Здружението се избрани следниве основачи и активисти;
Трајче Јанушев
Лила Милиќ
Моника Тасевска
Глигор Чанов
Јулијана Јајналиева
Управниот одбор од своите редови со 4 гласа За, 1 Воздржан и ниеден Против ја избра Лила Милиќ за Претседател на Управниот одбор на Здружението и раководење со седниците на вториот извршен орган на Здружението, кој според својата внатреорганизациска постевеност е на иста линија со органот Претседател на Здружението.