Здравственото осигурување во период на пандемија

Здравственото осигурување во период на пандемија е клучно за твоето здравје. Затоа што здравственото осигурување овозможува бесплатни прегледи кај твојот матичен лекар доколку имате симптоми на КОВИД-19.

 

За остварување на правото на здравствено осигурување како невработено лице потребно е да ги поднесеш следните документи во Фондот за здравствено осигурување:

 Фотокопија од важечка лична карта и оригинал на увид

 Извод од матична книга на родени

 Здравствена легитимација

 Пријава за здравствено осигурување

 Уверение од УЈП за остварени приходи

Не зборувајте доколку имате потреба од поддршка во вадење на потребните документи и остварување на ова права, побарајте помош од нашите социјални работници на ХОПС.

Видеото „Здравствена заштита во период на пандемија“ е наменето за лица кои не остваруваат право на здравствена осигурување и има за цел да го зголеми бројот на лицата кои ќе го остваруваат оваа право, со цел да се подобри здравствената состојба кај ранливите заедници во Република Северна Македонија во период на пандемија предизвикана од КОВИД-19.

Видеото е овозможено од Влада на Република Северна Македонија преку проектот „Унапредување на менталното здравје и заштита на здравствените и социо-економски права на маргинализираните заедници за време на пандемија“ реализирано од Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје.

Извор: https://hops.org.mk/zdravstvenoto-osiguruvane-vo-period-na-pandemija/

Tags: , ,