Не беше воопшто тешко да се забележи дека нешто е малку поразлично кај неа. Нејзиното здолниште, длабокото деколте, розовата блуза, потпетиците и тиркизната торба.
“Здраво, јас сум Мили. Јас сум транс жена. Вие во колку саат имате закажано?”
Нејзиниот глас беше длабок, а стисокот силен кога се ракувавме додека двете чекавме во ходникот да се појави гинекологот.
На мое големо задоволство, докторот доцнеше, а Мили сакаше да зборува.
“Мило ми е што те запознав”, и одговорив. Мили беше навистина исклучителна, не и требаше многу време да се отвори и да почне да зборува за нејзиниот живот во последните години.
Кој вели дека “животот е здодевен”, очигледно не поминал доволно време во чекалниците на болниците во Израел.
Под необичните, флуоресцентни светла во преполната, медицинска чекалница, Мили започна да зборува за тоа како дошла во Израел. Во тие 20 минути чекање дознав како Мили мигрирала во Израел, за нејзината служба во американската морнарица, нејзиниот алкохолизам и дисфункцијата на нејзините родители и како станала еманципирана возрасна жена. Слушнав и неколку приказни за животот на улиците на Западен Лос Анџелес и за нејзиниот најдобар пријател и заштитник од детството, спасеното куче од расата Германски Шепард.
Научив малку и за нејзиниот сегашен процес на транзиција од маж во жена и за чекорите што ги превзема за да се чувствува убаво во нејзиното тело и во нејзиниот живот … ласерски третмани, третмани со прогестерон, хируршки зафати, правни совети и терапии.
Не беше само нејзината родова ориентација или изглед што ме фасцинираше, најдлабокиот впечаток што Мили ми го остави беше всушност нејзината целосна транспарентност. Нејзината чесност и искреност ја правеа голем човек.
Кога ја прашав како изгледа еден нејзин типичен ден, ме погледна директно во очи и рече: “Многу спијам и многу пијам”. Потоа за прв пат зема пауза од раскажувањето, држејќи го мојот поглед цело време.
Забележав дека нејзината кожа е жолтеникава, очите крвави, телото и трепереше; знаци кои откриваат дека е љубителка на алкохолот.
Таа не се обиде да го скрие тоа од мене: “Сакам да пијам пиво, не сакам жестоки пијалоци, добро освен вотка со мраз.” Беше навистина искрена.
Во свет каде што сите трошат многу време за уредување и обликување на своите животи според очите и задоволствата на другите, Мили се чини дека воопшто не се замара со тоа како гледаат другите на неа. Таа само го живее животот на начин кој единствено има смисла за неа.
Кога ме повика докторот, речиси ми беше жал што го прекинувам разговорот со мојата нова пријателка. Пред да станам и се заблагодарив на Мили за тоа што одвои време да разговара со мене и што ми даде зелено светло да ја споделам нејзината приказна.
“Нема на што, и тебе ти благодарам”, рече Мили.
Откако заврши нашата случајна средба, сфатив дека се запознав со една сосема уникатна, извонредна личност, иако различна од повеќето луѓе што ги познавам во мојот живот кои пак се прават дека се поважни од сите други. Мили е зрела жена со развиена свесност за своето тело, идентитет и постоење. Од друга страна, сето она што навистина се случило во таа чекална беше дека две човечки суштества, со различно потекло и животни приказни, делат некое време заедно.
*Мили не е нејзиното вистинско име.