Како и секоја година, Transgender Europe (TGEU) – организација за човекови права која се залага за целосна еднаквост на сите трансродови луѓе во Европа, започнува со кампања по повод одбележувањето на 20ти ноември – Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви. Кампањата TDoR 2021 е посветена на сите жртви кои ги изгубиле своите животи како резултат на трансфобија и поради неприфаќањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација од страна на припадниците на поширокото општество.
Во текот на овогодинешната кампања преку обединувачкиот хаштаг #TDoR2021, поканети се сите активисти и организации ширум светот, меѓу кои и СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, да помогнат во ширење на пораките за спречување на насилството врз трансродовите луѓе и прекршување на нивните права.
TGEU ги објави и ажурираните податоци од пријавени случаеви на убиства за 2021 година:
На глобално ниво, во изминатите 12 месеци пријавени се 375 случаеви на убиства на трансродови лица и лица со различен родов идентитет, што укажува на зголемување на стапката на убиства за 7% од претходната година.
- 96% од убиените лица на глобално ниво биле трансродови жени;
- 58% од убиените лица биле трансродови – сексуални работници;
- Стапката на убиства на трансродови лица во САД е двојно зголемена од минатата година; 89% од 53-те убиени трансородови лица се со различна боја на кожа;
- 43% од трансродовите луѓе убиени во Европа биле мигранти;
- 36% од убиствата се случиле на улица, а 24% во нивните сопствени домови;
- Просечната возраст на убиените лица е 30 години; најмладиот има 13 години, а најстариот 68 години.
За повеќе информации во однос на извештајот за статистиките кои се добиени преку објавените податоци од страна на Trans Murder Monitoring (TMM), можете да прочитате тука: