16 дена активизам е глобална кампања за ставање крај на родово базираното насилство врз жените. Оваа кампања започна на 25 ноември и завршува на 10 декември, на Денот на човековите права. Оваа кампања се организира секоја година уште од 1991 година и ја координира Центарот за глобално лидерство на жените (CWGL).
Многу од прашањата покренати во кампањата се преклопуваат директно со областите на кои работат членовите на NSWP – Глобалната мрежа на сексуални работници во однос на сексуалната работа, човековите права и закони, вклучително и потенцирањето на правото на жените да живеат ослободени од насилство:
„Стандардите за човекови права потврдуваат дека сите форми на родово базирано насилство, вклучително и оние што се случуваат во светот на работните места, им забрануваат на жените работници слободно да живеат и да бидат ослободено од насилство, меѓу другите човекови права и основни слободи… Жените мора да можат да работат во безбедни услови, и со достоинство“.
Семејството на Обединетите нации, Владата на Република Северна Македонија и партнерите исто така се приклучија кон глобалната кампања 16 дена активизам на тема „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“.