ЖАЛНА ВЕСТ – Почина МАЈА ЛАЗОСКА, основачка и заменик Претседателка на СТАР

Со најдлабоко жалење ја примивме веста за загубата на нашата основачка, активистка и соработничка Маја Лазоска.

Нејзиното заминување беше прерано, ненадејно, неочекувано и не остави во неверување и длабока тага.

Од 2011 година, Маја Лазоска беше една од основачите на СТАР и заменик Претседателка на организацијата. Солидарноста со сите кои и пркосат на борбата против маргинализацијата е вредноста која Маја ја донесе во СТАР во 2010-та година. Таа вредност, ќе продолжиме да ја негуваме.

Маја, ќе продолжиме да ги живееме нашите заеднички животни предизвици.

Твоето отсуство нема да остане незабележано.

Го изразуваме нашето сочуство до семејството, пријателите и познаниците на Маја Лазоска.

Збогум Маја, збогум!