Од 18-19 ноември, во Талин, Естонија се оддржува третата регионална консултација за ХИВ меѓу МСМ и транс луѓето од Источна Европа и Централна Азија, организирана од ЕКОМ – Евроазиската коалиција за машко здравје.
Целта на оваа трета по ред регионална консултација за ХИВ е да се развијат пристапи кај повеќе засегнати страни за забрзување на националните и регионалните одговори на епидемијата на ХИВ кај МСМ и транс-луѓето од Источна Европа и Централна Азија.
На конференцијата учествуваат повеќе од 170 претставници на државни, меѓународни и невладини организации од 22 земји во светот, меѓу кои е и претставник на СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот. Консултацијата е домаќин на 15 сесии и 4 работилници кои се однесуваат на адресирање и решавање на проблеми и прашања поврзани со изнаоѓање на најдобрите практики како одговор за ХИВ; учество на заедницата во дизајнирањето и спроведувањето на Националното здравство, политиките за човекови права, јавно финансирање и одржливост на програми за превенција на ХИВ кај МСМ и транс луѓето и други клучни популации.