ЕКОМ – Евроазиската коалиција за машко здравје спроведе семинар за регионални и национални медиумски кампањи за геј, други МСМ и транс луѓе. Семинарот кој се состоеше од работилници и работни состаноци се одржа во Истанбул од 2-4 Април, 2019. На работниот состанок присуствуваа претставници од партнерски организации и активисти од Ерменија, Белорусија, Грузија, Киргистан, Македонија, Русија, Украина и Молдавија кои разговараа за дизајнирање на регионални и национални медиумски кампањи за заштита на здравјето и интересите на ЛГБТИ луѓето.
Во 2018 година, ЕКОМ, заедно со партнерските мрежи кои ја застапуваат клучната популација погодена од ХИВ во земјите од Источна Европа и Централна Азија (EECA) иницираше медиумска кампања “Chase the Virus, not People“, која започна на Меѓународната конференција за СИДА во Амстердам.
Целта на овој семинар беше да се произлезе со план за регионална кампања која би се спровела во најблиска иднина за оценување и разбирање на потребите и проблемите на ЛГБТИ заедницата. Покрај регионалната кампања која ќе биде во насока на намалување на бариерите за пристап до квалитетни услуги и поддршка за ЛГБТИ заедницата, решавање на стигмата и дискриминацијата во општеството, како и намалување на стигмата внатре во ЛГБТИ заедницата и нејзините под-групи, секоја од горенаведените земји кои ја спроведуваат програмата за Право на здравје ги претстави и своите планови за спроведување на национална кампања.
Целите на кампањите ќе бидат нагласување на присуството на дискриминаторските закони и практики во земјите на Источна Европа и Централна Азија, како и потребата да се обезбедат квалитетни и достапни услуги за ЛГБТИ заедницата.
ЕКОМ во текот на изминатата година, со организирање на регионалната кампања ‘Chase the Virus, not People’ заедно со партнерските организации се фокусираше на прашањата поврзани со правото на здравје на геј, МСМ и транс лицата и на постојните бариери со кои тие се соочуваат. За време на состанокот, учесниците пренесоа и информации за предизвиците со кои се соочува ЛГБТИ заедницата во своите земји.
Првите активности во склоп на кампањата ќе бидат посветени на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија на 17 мај. Подоцна, активностите ќе продолжат до крајот на 2019 година. Секоја организација може да се придружи или да ја поддржи кампањата. Секој заинтересиран може да ги исконтактира ЕКОМ на следнава емаил адреса: alexandr@ecom.ngo.