ЕКОМ- Евроазиската коалиција за машко здравје ги објави националните извештаи во кои се опишуваат ситуациите на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Ерменија, Белорусија, Грузија, Киргистан и Северна Македонија, особено правото на здравје, а исто така ги рефлектираат постојните ситуации поврзани со дискриминација врз основа на сексуална ориентација и / или родов идентитет.
Извештаите во секоја од наведените земји се состојат од две компоненти. Првиот дел вклучува краток преглед на правната средина на секоја земја. Вториот дел од извештајот содржи опис на документирани случаи на прекршување на правата на ЛГБТИ луѓето. Тука спаѓаат информации за повреди на правата на геј мажи, други МСМ и транс лица поврзани со пристап до здравствени услуги и за случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
Во текот на подготовката на извештаите беше спроведена анализа на постојното законодавство на секоја од државите, кое вклучуваше преглед на законските документи, благодарение на кои беа собрани потребните информации за промените кои што се случиле во националното законодавство во областа на здравството и пристапот до здравјето во текот на изминатата година. Извештајот за Киргистан исто така содржи анализа на резултатите од мониторингот на медиумите и информации за справување со повредите на правата на геј мажи, други МСМ и транс лица.
Во собирањето информации за извештаите во секоја од државите, учествуваа организации и/или иницијативни групи кои ги претставуваат интересите на ЛГБТИ луѓето, како и индивидуални ЛГБТИ активисти.
Завршниот дел од извештаите содржи заклучоци и препораки, на кои треба да се повикуваат претставници на влади, невладини организации, активисти и претставници на заедницата, со цел да се подобри состојбата со човековите права кај ЛГБТИ луѓето, особено правото на здравје.
Извештаите за ситуациите на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Ерменија, Белорусија, Грузија, Киргистан и Северна Македонија можете да ги симнете на следниве линкови:
Ерменија. Национален извештај на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето тука
Белорусија. Национален извештај на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето тука
Грузија. Национален извештај на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето тука тука
Киргистан. Национален извештај на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето тука
Северна Македонија. Национален извештај на прекршување на човековите права на ЛГБТИ луѓето тука