Евроазиската Коалиција на машко здравје (ECOM) ги објави резултатите од процесот за избор на земји за регионалната програма “Делување на заедницата за зголемување на пристапот до ХИВ сервиси за МСМ и трансродовите луѓе во Источна Европа и Централна Азија.”
Управниот одбор на оваа Коалиција донесе одлука следните четири земји да бидат дел од спроведувањето на регионалната програма: Ерменија, Белорусија, Киргистан и Македонија. Грузија, исто така е идентификувана да биде вклучена во дел од регионалната програма.
Претседателот на Управниот Одбор Евгени Сорокоумов изјави:
ЕКОМ влегува во крајна фаза во развојот на нејзината регионална програма. Одлуката на Управниот Одбор за избор на земји покажа мудрост и објективност, внимателно разгледуваајќи ги потребите на земјите и можностите на нашата коалиција.
При носењето на оваа одлука, Управниот Одбор на ЕКОМ се водеше по голем број на фактори, вклучуваајќи ги преваленца на ХИВ помеѓу МСМ/Транс , национални средства за ХИВ превенција и третмани насочени кон овие групи, нивото на учество на граѓанското општество во креирањето на национални политики поврзани со МСМ/Транс здравје, како и потенцијалното влијание на регионалната програма во одделни земји и во регионот како целина.
ЕКОМ ја разбира потребата за спроведување на ваков тип на програма во сите земји од регионот на Источна Европа и Централна Азија, но сепак поради финансиски и временски ограничувања Управниот Одбор беше принуден да избере скратена листа на земји за влез во програмата.
Сепак, ЕКОМ верува дека ефектите од спроведување на регионалната програма, исто така, ќе се чуствуваат надвор од земјите кои се приоритет за влез во програмата. Експерти и организации од други земји од регионот ќе бидат вклучени во спроведување на програмата, исто така обуки и истражувања ќе бидат спроведени во разни земји од регионот, подршка и развој на заедниците исто така ќе бидат обезбедени за другите земји.
Извршниот директор на ЕКОМ Виталиј Дјума истакнува дека во иднина сите учесници и партнери на Коалицијата ќе продолжат да бидат активно вклучени во развојот и имплементација на оваа регионална програма.
http://ecom.ngo/homepage/