Денеска околу 11 часот во Европскиот парламент се гласаше за над 100-тина амандмани поднесени од европските парламентарци. Меѓу нив беше и извештајот на евро-парламентарката од Лондон Мери Ханибол – ”Извештај за проституција и сексуална експлоатација и неговото влијание врз половата еднаквост” кој што промовира криминализација на клиенти на сексуални работници !
И покрај обидите на повеќе од 500 организации од Европа да го спречат гласањето ЗА овој извештај, денеска Европските парламентарци гласаа со 343 гласови ЗА, 139 беа против и 105 се изјаснија како воздржани. Со што и официјално Европскиот парламент подржува криминализација на сексуални работници.