Европска недела на ХИВ тестирање, 17-24 Ноември 2017

European HIV and Hepatitis Testing Week, click here for more info - www.testingweek.eu

Европската недела на ХИВ тестирање е иницијатива која започна во 2013 година со цел да им помогне на повеќе луѓе да станат свесни за нивниот ХИВ статус. Оваа година по петти пат ќе се одбележува тестирањето за ХИВ, и по трет пат како е вклучено тестирањето за хепатитис. Европската недела на тестирање на ХИВ и Хепатитис ќе се одржи од 17-24 ноември 2017 година.

Денес, најмалку еден од тројца од 2,5 милиони луѓе кои живеат со ХИВ во Европа не се свесни дека се ХИВ позитивни. Половина од оние кои живеат со ХИВ се дијагностицираат доцна – што го одложува пристапот до третман.

Појавата на хепатитис Б и Ц е честа кај луѓето кои се под ризик или живеат со ХИВ. Во европскиот регион регистрирани се околу 13,3 милиони луѓе кои живеат со хепатитис Б и околу 15 милиони луѓе кои живеат со хепатитис Ц. Бидејќи оваа болест често е асимптоматска и не се лекува, хроничниот хепатитис е главна причина за појава на рак и цироза на црниот дроб. Поголемиот дел од лицата со хепатитис Ц остануваат недијагностицирани, а само мал број на мажи во Европа (околу 3,5%) добиваат третман.

Овие статистички податоци укажуваат на тоа дека треба да правиме повеќе за да ги поттикнеме лицата кои не го знаат својот ХИВ статус или хепатитис, да се тестираат навремено и секако да се таргетираат луѓето кои се изложени на ризик.

Крајната цел на Европската недела за тестирање на ХИВ и хепатитис е да се зголеми свесноста кај луѓето за нивниот статус на ХИВ и / или хепатитис и да се намали задоцнувањето во дијагнозата преку соопштување на придобивките од тестирањето. Темата за оваа недела на тестирање е Тестирај. Лекувај. Превенирај.

Дел од активностите предвидени за Европската недела на ХИВ тестирање имаат за цел:

  • Поттикнување на лицата изложени на ризик од ХИВ и хепатитис да се тестираат.
  • Охрабрување на здравствените работници да понудат тест за ХИВ или хепатитис како дел од рутинската грижа во специфични услови
  • Поддршка и обединување на организациите кои работат со клучните заедници за зголемување на пристапот до ХИВ и хепатитис тестирањата како и споделување на научените лекции помеѓу земјите.
  • Формирање на повеќе владини тела кои ќе бидат свесни за индивидуалните, општествените и економските придобивки од иницијативите за тестирање на ХИВ и хепатитис и кои ќе прават евалуација на практиките на тестирање.