Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) го објави својот нов брифинг извештај – Сексуална работа и ментално здравје

Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) го објави својот прв брифинг извештај како откако се ребрендираше во #ESWA: Сексуална работа и ментално здравје.

Овој брифинг извештај е развиен како дел од пилот -програмата со цел да го поддржи менталното здравје на сексуалните работници. Со поддршка на ILGA-Europe, ICRSE (сега ESWA) организираше серија работилници и настани за да им даде можност на активистите на сексуалните работници во Европа и Централна Азија да разговараат за прашања поврзани со менталното здравје, да научат како да ги идентификуваат и да ги решат своите проблеми со кои се соочуват во насока на заштита на менталното здравје.

Брифингот е изработен врз основа на консултација со своите организации – членки (преку онлајн консултации и фокус групи). Извештајот ги опфаќа следниве поглавја:

  • преглед на различните фактори кои влијаат врз менталното здравје на сексуалните работници, како што е криминализација на сексуалната работа и стигмата со која се соочуваат сексуалните работници;
  • преглед на постоечките услуги за ментално здравје за сексуалните работници и потешкотиите со кои тие се соочуваат во пристапот до здравствените услуги;
  • Вклучува препораки и дава добри примери на иницијативи предводени од заедницата за поддршка на менталното здравје на сексуалните работници.

Во прилог на извештајот, ESWA објавија и прирачник со конкретни упатства како да се поддржи менталното здравје на сексуалните работници. Овој прирачник е наменет за сите организации кои работат со сексуални работници: „Поддршка за менталното здравје и благосостојбата во нашите заедници: прирачник за активистите за правата на сексуалните работници“.

Брифинг извештајот е достапен на англиски, руски, француски и шпански јазик.

Англиската верзија можете да ја прочитате/симнете на следниов линк:

Briefing Paper: Sex Workers & Mental Health  

ESWA го презентираше својот извештај на вебинарот кој го организираше за своите организации-членки на 06.10.2021, на кој се дискутираше за менталното здравје на сексуалните работници, нивниот пристап до услугите за ментално здравје и на кои начини организациите можат да ги поддржат сексуалните работници и да им помогнат да се грижат за нивното ментално здравје.

Онлајн настанот може да го проследите на следниов линк:

https://fb.watch/8tnkdFCFpl/

Tags: , , , ,