Во периодот од 28.12.2020 и 31.12.2020 во пресрет на новогодишните и божиќните празници со поддршка на ViiV Healthcare и SWAN Sex’s workers advocacy network, Стар – Првиот колектив на сексуални работници, додели 35 новогодишни пакетчиња за деца, 25 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи кои беа дистрибуирани во Струмица и Гостивар, како и 15 ваучери за храна во Скопје кои беа директно доделени на сексуални работнички.
Целта на донацијата е да се излезе во пресрет во време на глобална пандемија во која сексуалните работнички и нивните семејства се исклучително погодени од кризата.
Стар – Првиот колектив на сексуални работници ќе ја продолжи својата хумана мисија и во периодот кој следи и повторно ќе организира донациска акција со цел да се поддржат сексуалните работнички како дел од маргинализирана заедница и ќе го даде својот придонес во олеснување на нивниот живот во оваа тешка егзистенцијална криза.