Добротворен настан за подигнување на свесноста и прибирање на средства „ПОГЛЕДНИ ОД МОЈА СТРАНА “

И оваа година Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО
ПОСИЛНИ, организара настан по повод Светскиот ден на СИДА. Ви ја пренесуваме во целост нивната покана и заедно со нив Ве повикуваме да земете учество на овој добротворен настан.

По повод Светскиот ден на СИДА, чест ни е да Ве поканиме на добротворен настан за подигнување
на свесноста и прибирање на средства:
ПОГЛЕДНИ ОД МОЈА СТРАНА
Овој настан е организиран од Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО
ПОСИЛНИ, Скопје, во склоп на активностите за одбележување на Светскиот ден на СИДА 2017, а ќе се
одржи во
МКЦ ресторан на 1 декември 2017 во 20:00 часот
Овогодишната кампања водена од ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со партнерите е целосно развиена од
заедницата на луѓе што живеат со ХИВ во Македонија. Целта на нашата кампања е да се подигне јавната
свесност во Македонија дека ХИВ денес е состојба која релативно лесно се третира благодарејќи на
антиретровирусната терапија којашто им овозможува на луѓето со ХИВ да имаат здрав, квалитетен и долг
живот. Пораките кои ќе бидат пренесени преку кампањата и самиот настан се однесуваат на следните
аспекти: живеењето со ХИВ е исполнувачко, здраво, секојдневно искуство; жените кои живеат со ХИВ
можат да родат здрави деца; ХИВ успешно се третира и контролира со достапната терапија;
Недетектабилен = Непренослив (ХИВ не се пренесува преку сексуален контакт доколку партнерот со ХИВ
прима терапија и има постигнато недетектабилно ниво на вирус во крвта); ХИВ не го сопира стареењето;
стареењето со ХИВ е реално остварлива цел.
Настанот за одбележување на Светскиот ден на СИДА ќе вклучи кратко пригодно обраќање и
музички настап на гудачки квартет на Пламенка Трајковска. Ќе присуствуваат високи претставници на
Владата на Република Македонија и на дипломатскиот кор, јавни личности и претставници на бизнис
заедницата и на граѓанскиот сектор.
Средствата собрани за време на настанот за Светскиот ден на СИДА ќе придонесат за одржување
на редовните услуги на Здружението ЗАЕДНО ПОСИЛНИ за поддршка на лица со ХИВ во неповолна
социјална положба, а кои вклучуваат покривање на патни трошоци за редовно подигнување на терапијата
и редовна здравствена проверка (единствено достапни во Скопје), скромна месечна поддршка во основни
прехранбени и хигиенски производи, како и за итни здравствени потреби.[:]