Дистрибуирани 7 ваучери за храна и хигиенски производи помеѓу најранливите граѓани од нашата заедница

Пред сѐ, сакаме да изразиме голема благодарност до сите хумани граѓани, граѓански организации, фондации, кои донираа парични средства за помош на најзагрозените граѓани од заедницата на сексуални работници.

СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, ја спроведе третата од серијата на хуманитарни акции за помош на сексуалните работници кои се наоѓаат во исклучително тешка финансиска состојба предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, благодарение на собраните донации преку кампањата ДОНИРАЈ! НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ.

Во вчерашната хуманитарна акција, дистрибуиравме 7 ваучери за храна и хигиенски производи на 7 сексуални работници кои заедно со своите семејства се наоѓаат во исклучително тешка состојба поради кризата од КОВИД-19.

Вашата поддршка, сè уште ни е потребна да можеме да продолжиме понатаму да им помагаме на сексуалните работници кои поради недостатокот на заработувачка, не можат да им ги обезбедат основните потреби за нормално живеење на своите семејства, кои се најчесто многудетни и/или семејства на самохрани мајки.

ДОНИРАЈ! НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ.

ЗА ДОНАЦИИ ОД ДОМА
Број на жиро с-ка:
СТАР-СТАР СКОПЈЕ КОВИД-19 ДОНАЦИИ
210-065896341011
НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ