Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans во рамки на деновите против насилство врз сексуалните работници ве покануваат на серија настани:
15-ти декември (петок) | Предавање на Лора Агустин | Секс на маргините *
16-ти декември (сабота) | Перформанс Skopje Red Light District **
17-ти декември (недела) | 10 Години Марш На Црвениот Чадор / Red Umbrella March ***
* Предавање на Лора Агустин | Секс на маргините
Предавањето е во организација на Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Институт за етнологија и антропологија, поддржано од Фондација Отворено општество – Македонија и Civica Mobilitas.
Книгата на Лора Агустин ни прикажува како сексуалната индустрија функционира како несигурен пазар на труд за жените, вклучувајќи ги и недокументираните мигранти. Во оваа книга се наведува спасувачката индустрија, моралните претприемачи кои тврдат дека зборуваат за сите жени кои продаваат секс и ги претвораат во жртви на трговија со луѓе. Оваа извонредна книга експлодира неколку митови: дека продажбата на секс е сосема поинаква од која било друга работа; дека мигрантите кои продаваат секс се пасивни жртви; и дека мноштвото луѓе за да ги спасат, се без личен интерес.
**Перформанс Skopje Red Light District
Skopje Red Light District претставува уметнички перформанс кој го отсликува шармот на улицата на фенерите во Амстердам.
Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот.
Почитувањето на луѓето без оглед на нивната професија е она за кое сите треба да се бориме.
Уметничкиот перформанс ќе трае и ќе може да се погледне од 17:00 – 22:00 часот на бул. Климент Охридски бр.48 до клубот VULKAN
*** Марш на Црвениот Чадор / Red Umbrella March
Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, годинава на 17-ти декември по десети јубилеен пат се приклучува кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.