Британската манекенка Дениз Хјуит (47) признала во ексклузивна исповед дека во младоста се занимавала со елитна проституција и дека клиентите и биле бројни богаташи кои и давале скапи подароци.
Нејзината приказна ја започнува велеејќи дека имала сиромашно детство кое го поминала во Њукасл и силна желба добриот изглед да и биде карта за успех, па првата операција на гради ја платила од парите кои ги добила работејќи во продавница.
Најдов агент, па почнав да позирам за магазини, календари… Успехот не дојде експресно, но во раните 20-ти бев доста позната, па отидов во Лондон. Таму имаше голема група на девојки од северот на Англија, а меѓу нив и Хедер Милс. Сите се грижевме една за друга, раскажува Денис, за својот пат од трњата до ѕвездите.
Другите девојки работеле како манекенки, но таа забележала дека дел од девојките всушност заработуваат многу повеќе. Открила дека работат како ескорт дами и набрзо и самата влегла во тој свет. Се нашла на авион за Мадрид со милијардерот и трговец со оружје Аднан Кашоги.
Отидовме на Канарските острови каде што организираше раскошни забави. Беше прекрасен кон мене и ништо од тоа не ми се чинеше лошо.
На крајот ни даваа 10.000 фунти (околу 13.000 евра), толку заработуваше мојот татко на годишно ниво. Така му помагав и на семејството. На мајка ми и купив куќа, а на татко ми стан. На баба ми и дедо ми им купив автомобил, навела Денис додавајќи дека нејзините најблиски не знаеле со што таа се занимава.
Таа од тој свет излегла во средината на 20-те години, кога се заљубила во Тони Пиџли и со него добила и две ќерки. Потоа следел болен развод, па морала да се врати на старата работа за да ги финансира судските трошоци.
Вистината повеќе не можела да ја крие, кога во 2002-та година, Хедер Милс се омажила за Пол Мекартни и кога новинарите почнале да копаат по нејзиното минато.
Моите ќерки тогаш имаа девет и 11 години, па одлучив да им ја кажам вистината, пред да ја дознаат од некој друг. Им објаснив дека нивната мајка порано имала момчиња кои и давале подароци и дека постои можност во весниците да се појави лоша приказна, но да ги игнорираат. Тогаш ме прашаа како е тоа можно кога никогаш не ме виделе со маж. Тоа е вистина, бидејќи никогаш не им дозволив да влезат во нашата куќа, раскажала Дениз.

