Лорен Зое е жената која користеејќи ја уметноста ја демистифицира Сексуалната работа.
Да се биде сексуален работник не е лесно, особено од како британската влада воведе пакет на закони против вулгарноста во 2014 година, проблемите поврзани со сексуалната работа станаа многу посериозни. Општествата во кои живееме во многу аспекти ја стигматизираат заедницата на сексуални работници, луѓето обично се полни со предрасуди и табуа за сексуалните работници. Уличната сексуална работа, порнографијата и борделите се тотално стигматизирани, додека други форми на сексуална работа како sugar babies (спонзоруши) или ескорт услугите скоро и да не се препознаени од јавната свест.
Лорен Зое се обидува да го промени тоа. Таа е апсолвент на британскиот Универзитет ,,Голдсмит” и потпретседател на единствената британска студентска група за солидарност со сексуалните работници. Таа има водено групи за цртање, каде учесниците ги имаат сексуалните работници како музи за создавање на уметност.
Таа се надева дека успева да ја демистифицира сексуалната работа наспроти ставот на мејнстримот за оваа професија. Лорен вели дека повеќето сексуални работници во Британија не се раскошни девојки кои работат како придружнички ниту пак очајни жени кои немаат друг избор.
Лорен Зое вели дека моделите не треба да се сексуализираат.
,,Да се биде гол, не значи дека си сексуално достапен за сите, таквата перцепција треба да исчезне” – Лорен Зое
Сексуалните работници кои земале учество во овој уметнички проект добиле надоместок. Според Лорен тоа е нормално, бидеејќи голем дел од сексуалните работници би изгубиле пари за времето потрошено во овој уметнички проект и надополнува дека секогаш се труди да им исплати на сексуалните работници онолку колку што тие би заработиле со нивната професија.
Нивниот прв перформер била сексуална работничка и порно глумица која исто така е силен активист за правата на сексуалните работници.
Лорен Зое е горда што има прилика да работи со нетипични модели на живот, и верува дека со нејзината работа делува кон рушењето на табуата и предрасудите во општеството кон сексуалната работа и сексуалните работници.
Повеќе за работата на Лорен Зое посетете го нејзиниот веб сајт





