Регионалните мрежи на клучни популации и луѓе кои живеат со ХИВ во Источна Европа и Централна Азија, изготвија и се потпишаа на новата политичка декларација за ХИВ и СИДА која ќе служи како ефективна алатка за водење на животите и благосостојбата на луѓето што живеат со ХИВ и СИДА.
Политичката декларација за ХИВ и СИДА ги одредува насоките на глобалните и националните политики и начините на кои луѓето и заедниците се во состојба да ги заштитат своето здравје и живот. Како подготовка на новата Политичка декларација за ХИВ и СИДА, регионалните мрежи што ги претставуваат заедниците на клучните популации и луѓето кои живеат со ХИВ во Источна Европа и Централна Азија, ги изразуваат општите очекувања за новата Декларација:
● Декларацијата не треба да ги опишува само визијата, приоритетите, политиките и плановите на владите, туку пред сè да биде одраз на потребите на луѓето и заедниците најпогодени од епидемијата на ХИВ;
● Декларацијата не само што треба да прогласи општа цел за ставање крај на епидемијата на ХИВ, туку да воспостави специфични и мерливи цели и резултати во заштитата на здравјето и социјалната благосостојба на луѓето и заедниците најпогодени од ХИВ;
● Декларацијата треба да вклучува заложби и механизми за политичка и финансиска поддршка за нејзино спроведување;
● Декларацијата треба да обезбеди учење и ширење на најдобрите искуства и лекции научени од земјите и заедниците во текот на четирите децении на работа за заштита на здравјето на луѓето и благосостојба од епидемијата на ХИВ.
Целата декларација е достапна на следниот линк