Фотографката Мери Халд од секогаш била заинтересирана за истражување на сексуалната работа, која е легална професија во нејзината земја Данска.
По неколкуте неуспешни обиди да пронајде тема за истражување, впрочем таа беше во потрага на жена надвор од типичните стереотипи – ја пронајде Бони, сексуална работничка и мајка на три деца. Халд прв пат се сретнала со Бони додека таа работела во мал бордел, и по неколкучасовен разговор меѓувремено работеејќи со клиенти, таа се согласила да ја сподели својата приказна. Животот на Бони во сексуалната работа е потресен и искрен поглед во секојдневната борба на една жена.
Бони има 39 години. Таа плаќа даноци и е регистрирана сексуална работничка, иако таа до сега неколку пати имала проблеми со данските власти и била неколку пати во затвор. Нејзините деца, со исклучок на нејзиниот најмлад син, и околината знаат за она што таа го работи. Децата често се предмет на контрола и малтретирање поради изборот на професија на нивната мајка.
Халд на почеток секојдневно го минувала времето заедно со Бони, често и спиела во нивниот дом, понатаму малку поретко но сепак одржувала постојан контакт. За сето тоа време таа ги запознала Бони и нејзините деца на доста длабоко и лично ниво. Бони отсекогаш посакувала да напише книга за нејзиниот живот, и преку Халд таа доби глас да ја раскаже својата лична приказна.
“Многу луѓе ја осудуваат Бони, но таа избра да биде само искрена. јас мислам таа е навистина силна”, вели Халд.
Овие фотографии сведочат за борбата на двојниот живот кој Бони го живее секој ден.
Халд за овој свој проект вели : “Јас се обидов да го покажам животот на Бони искрен колку што можев и брутален колку што може да биде.”
All images © Marie Hald