Меѓународниот ден на сексуалните работници се одбележува секоја година на 2-ри јуни во Европа и низ целиот свет. Овој ден се смета за симболично раѓање на активистичкото движење на сексуалните работници во борбата за почитување на нивните права.
Како повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работење. На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Оваа нивна протестна акција претставува почеток на меѓународното движење на сексуалните работници кои се залагаат за своите права.
Стар-Првиот колектив на сексуалните работници на Балканот како и секоја година се приклучува кон одбележувањето на овој значаен меѓународен ден за сексуалните работници. Оваа година заедно со Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот и Коалиција Маргини.
Овој настан “Црвениот фустан добро ми прилега” има цел да испрати силни пораки од страна на сексуалните работници до јавноста, преку црвената боја која е симбол на страст и љубов и затоа нејзиниот лик се преточува во самодоверба и борба за подобро утре. На настанот ќе бидат прикажани црвени фустани кои сексуалните работници со гордост и достоинство ги носат, покажувајќи дека изборот на својата работа е лична одлука.
Сите присутни на настанот, сексуалните работници, активистите, блиските семејства на сексуалните работници, пријателите, партнер(к)ите, ќе имаат можност да дадат силна поддршка за остварување на нивните работнички, здравствени и социјални права.
Настанот се одржува во градскиот парк во Скопје, наспроти дискотеките и паркот за кучиња, од 10-18 часот.
Дополнително Стар се приклучи на кампањата “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти” покрената од меѓународната мрежа за промоција на правата на сексуалните работници -мигранти ТАМПЕП со потпишување на нивната прва декларација и потпишување на петиција како прва фаза од започнувањето на промена.