Гласовите на сексуалните работници-мигранти во Европа – ТАМПЕП (Видео)

Во продолжение на својата кампања “Европа ги заборави човековите права на сексуалните работници мигранти”, а по повод одбележувањето на 17ти декември – Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, Европската мрежа за унапредување на правата и здравјето на сексуалните работници-мигранти (ТАМПЕП), објавија видео „Гласовите на сексуалните работници – мигранти“ во кое, сексуални работници од вкупно 5 европски земји говорот за состојбата на сексуалните работници во време на КОВИД-19 пандемијата и ги потенцираат нивните барања во насока на унапредување на нивните права и работни услови.

Помеѓу единаесетте сексуални работници мигранти, и две претставнички на СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ги дадоа своите изјави за ТАМПЕП, во насока на унапредување на нашите права и барање за подобри работни услови во време на криза, кога сексуалните работници се исклучени од сите владините мерки за заштита и помош во Република Северна Македонија.

Дополнително, мрежата објави и брошура која ги презентира целосните сведоштва на единаесетте сексуални работници-мигранти кои ги дадоа своите изјави за ТАМЕП, и истата може да се погледне на следниов линк:

tampep.eu/booklet2021

Заедно можеме да донесеме промени, но ни треба вашата помош. Не може повеќе да се игнорират проблемите на сексуалните работници мигранти, бидејќи ситуацијата е критична. Споделете и потпишете ја петицијата на следниов линк:

https://tampep.eu/declaration

Tags: , , ,