Германија ќе ја ограничува сексуалната работа

Новата германска владина коалиција соопшти дека ќе даде предлог за забрана на опцијата за неограничен секс во јавните куќи како дел од престоечките реформи на развиената секс индустрија во земјата.

Критичарите велат дека сексуалната работа излегла од контрола откако таа била легализиранана во 2002.

Ања Штридер, пропаролот на германските социјалдемократи, го потврди извештајот објавен во весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг дека за забраната се преговарало за време на коалициските преговори со конзервативиот блок на канцеларката Ангела Меркел.

Во реформите на Законот за проституција се вклучени и подобра заштита за жртвите од присилена проституција и построги правила за сопствениците на борделите.

Промените ќе бидат усвоени откако владата ќе биде формално составена следната година.

Една декада откако јавните куќи беа легализирани во Германија и правата на сексуалните работници беа признаени како работнички права преку еден од најлибералните закони за сексуална работа во светот, секторот доживува невиден развој.

Организираните сексуални работници/чки велат дека секторот е побезбеден и поздрав од кога и да било претходно.

9a9e72978e6d0a75fcd98b415e66224d

Но, изненадната кампања водена од страна на најистакнатите феминисти во земјата ги мобилизираше дамнешните непријатели на најстарата професија во светот кои велат дека промените го претворија Берлин и други градови во Германија во огромни дисконти за секс.