Во тек е дводневната средба (15-16.10.2020) со граѓански организации во хотел Панорамика, која вклучува презентација на SWIT алатката „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници“ и панел дискусија за потребите од интеграција на истата во националната ХИВ програма.
Оваа работилница се реализира во рамки на нашиот проект „Сексуалните работници и давателите на здравствени услуги во заедничка акција со цел овозможување сеопфатни ХИВ и СПИ услуги без стигма и дискриминација во Република Северна Македонија“ кој го спроведуваме во партнерство со Асоцијација за здравствена едукација и истражување – HERA, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.