Водич за сексуални работници со консолидирани упатства на СЗО за превенција од ХИВ, хепатитис и СПИ, дијагноза, третман и грижа кај клучните популации

Во 2022 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги објави Консолидираните упатства за превенција од ХИВ, хепатитис и СПИ, дијагноза, третман и грижа кај клучните популации. Овие упатства обезбедуваат насоки за јавното здравје и одговори на ХИВ, хепатитис и сексуално преносливите инфекции (СПИ) за клучните популации. Упатствата може да ги користат организации предводени од сексуалните работници и организации предводени од други клучни популации за застапување на програмите за ХИВ, СПИ и хепатитис базирани на докази и права, како и од страна на менаџерите, креаторите на политики, донаторите и други за информирање на овие програми.

Водичот за сексуални работници, кој го подготви Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа – NSWP, претставува сумиран преглед на клучните препораки од Консолидираните упатства на СЗО. Овој водич може да се користи како алатка кога се залага за услуги засновани на права и е достапен на англиски, француски, шпански, руски и арапски јазик.

Водичот можете да го преземете/прочитате на следниов линк: Водич за сексуални работници со консолидирани упатства на СЗО за превенција од ХИВ, хепатитис и СПИ, дијагноза, третман и грижа кај клучните популации

Tags: , , , ,