ВОВЕДУВАЊЕ НА СЕОПФАТНИ ХИВ/СПИ ПРОГРАМИ СО СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ

Публикацијата “Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници” е наменета за користење од страна на јавно- здравствените установи и менаџерите на програмите за превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции, невладини организации, здравствени работници и организации водени од заедницата на сексуални работници. Исто така, публикацијата како алатка може да им биде од интерес и на меѓународните агенции за финансирање, донесувачите на одлуки и застапувачите на правата на сексуалните работници.

Оваа алатка е продукт од соработката помеѓу сексуалните работници, давателите на услуги и сервиси за сексуални работници, истражувачи, претставници на владите, претставници на граѓанскиот сектор ширум светот, како и агенции на Обединетите Нации и партнери од Соединетите Американски Држави.
Овие пристапи водени од заедницата, самите по себе се од големо интервенциско значење.

Издавањето на публикацијата на македонски јазик, го поддржаа Меѓународниот комитет на правата на сексуалните работници во Европа (ICRSE) и Мрежата за застапување на правата на сексуалните работници во Источна Европа и Централна Азија (SWAN). Реализацијата на делото е координирана од СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот.

Публикацијата „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници“ можете да ја погледнете/симнете ТУКА.

Tags: , ,