СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот организира дводневна работилницa „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ која ќе се одржи од 15.10-16.10.2020 година, во Хотел ПАНОРАМИКА, Скопје. Во рамки на работилницата, ќе биде претставена SWIT алатката помеѓу граѓански организации што спроведуваат програми за ХИВ превенција помеѓу сексуални работници/-чки.
Оваа работилница се реализира во рамки на нашиот проект „Сексуалните работници и давателите на здравствени услуги во заедничка акција со цел овозможување сеопфатни ХИВ и СПИ услуги без стигма и дискриминација во Република Северна Македонија“ поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.
Работилницата ќе се одржи согласно превентивните мерки од Министерството за здравство за заштита од КОВИД-19.