ТРАНСИТ алатка е развиена од страна на трансродови лица, програмски менаџери, истражувачи и развојни партнери кои помогнаа оваа алатка да се истражи, напише, провери и оцени, во соработка со координативна група, која претходно поминала консултациски обуки во Банкок, Тајланд, во Јули 2015та година.
Додека сите трансродови лица се изложени на потенцијален ризик од ХИВ инфекција, транс жените се епидемиолошки носители на ХИВ болеста. Трансродовите жени се значително и нерамномерно погодени од ХИВ вирусот на глобално ниво. Повремено, кога се собираат податоци за трансродовите жени, тие секогаш укажуваат на загрижувачки нивоа на ХИВ заболени и носители. Во една мета-анализа во 2013 година направена во 15 држави, откриено е дека за 49% повеќе е веројатно дека во една од овие држави трансродова жена живее со ХИВ отколку нејзините колеги, машки или женски, кои не се трансродови лица.
И покрај документираните негативни здравствени и ХИВ (позитивни) резултати, во повеќе региони податоците за трансродовите жени не се разликуваат од податоците за геј лицата или другите мажи кои имаат сексуален однос со мажи. Ова е знак дека треба да се престане со ваквото спојување на податоците. Распределбата на податоците за трансродовите лица ќе овозможи подобро разбирање на влијанието на здравството врз трансродовите лица општо, и на трансродовите жени посебно.
Оваа алатка опишува како треба да бидат направени и спроведени интервенциите со цел да бидат прифатливи за трансродовите лица. За да се исполни ова, многу е важно да се има добра и постојана комуникација со нив. Оваа алатка дава посебно внимание на програмите водени од самите трансродови лица, само во услови каде што е можно тоа. Самата алатка е продукт на соработка помеѓу трансродови лица, адвокатите, давателите на услуги, истражувачите, владините претставници и невладините организации од целиот свет, како и агенциите на Обединетите нации и развојните партнери од Америка.
Како се користи оваа алатка?
Оваа алатка е наменета за употреба од страна на јавно-здравствените работници и менаџери на ХИВ и СПИ програми, невладини организации, вклучувајќи заедници и граѓанско општествените организации, како и и здравствените работници. Може да им биде од интерес и на меѓународните агенции за финансирање, донесувачите на одлуки за здравството и адвокатите. Наменета е за покривање на спроведувањето на интервенциите преку целиот ХИВ континиум, вклучувајќи интервенции за превенција, дијагноза, третман и грижа. Секое поглавје експлицитно или имплицитно се однесува на една или повеќе од 2011 Препораките или 2014 Консолидираното упатство за клучните популации.
Првите две поглавја го опишуваат пристапот и принципите за градење на програмите кои се водени од страна на трансродните лица. Овие пристапи водени од заедницата самите по себе се важни интервенции. Поглавјето 3 и 4 опишуваат пристапи за спроведување на препорачани интервенции за ХИВ превенција, дијагноза, третман и грижа. Поглавјето 5 опишува како да се управува со програмите и градење на капацитетот на организацијата на трансродни лица.
Публикацијата: Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со трансродни лица можете да ја погледнете/симнете ТУКА.