(ВИДЕО) Марш на црвените чадори 17-ти Декември 2014

СТАР-СТАР во 2014 по седми пат се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 17-ти декември. По тој повод сите заедно марширавме со една цел да се запре тортурата која секојдневно ја трпат сексуалните работници како од институции така и од лоши клиенти и општа популација.

Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл (сексуална работничка) по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот Ели Спринкл изјавила: “Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите ние на моите сестри – курви, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри курви не се безбедни на улица, ниту дома”. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и слично.

Изразуваме благодарност до нашите подржувачи, граѓани и медиуми за подршката и солидарноста која ни ја дадоа на овој настан!

Видеото можете да го погледнете ТУКА