(ВИДЕО) Како го одбележавме 17-ти декември

По повод 17-ти декември Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, граѓанската иницијатива за унапредување и промоција на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР се приклучи кон глобалното одбележување на овој ден.
Под мотото ”Тортура не е Култура” се реализираа два настани :
Изложба “Sex Work in Art” и ”Марш на Црвените чадори” во центарот на Скопје.

Стар-Стар изработи видео од реализираните настани преку кое се пренесуваат пораките на нашата мисија и борба за поголеми права на сексуалните работници во Македонија.