Во петок на 30 април Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа (ICRSE) и Граѓанскиот форум на ЕУ за ХИВ/СИДА организираат настан на кој ќе се направи преглед на најдобрите практики и предизвиците со кои се соочуваат организациите предводени од сексуалните работници во однос на превенцијата од ХИВ.
По воведното обраќање од страна на специјалниот известувач за здравје при ОН, д-р Тлаленг Мофокенг, на настанот ќе се обратат претставници од оргнизации на сексуални работници од Северна Македонија, Ирска, Холандија и Франција и ќе презентираат дел од нивните клучни постигнувања во развојот на услуги и сервиси за сексуалните работници во различни правни контексти.
Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници во Европа (ICRSE) ќе го објави и презентира извештајот „Еден чекор напред, два назад“ кој дава критички преглед кон програмите за превенција од ХИВ во Европа во услови кога криминализацијата и уназадувањето на сексуалните работници се во пораст, како и постигнувања предводени од заедницата во таа насока.
Говорници:
Д-р Тлаленг Мофокенг, Специјален известувач за правото на здравје при ОН
Претставник од UNAIDS (ќе биде потврдено)
Лила Милиќ – СТАР-СТАР, Северна Македонија
Лиа Јавад – Trans United Europe, Холандија
Кејт Мекгру – Sex Workers Alliance, Ирска
Џована Ринкон – ACCEPTESS-T, Франција
Агата Ѕиван – Sex Work Polska, Полска
Лука Стивенсон – ICRSE
Настанот ќе биде фасилитиран од Џулс Џејмс, претставничка на ICRSE, а ќе биде обезбеден и превод на македонски јазик. Пријавувањето за вебинарот е на следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/85725973987?pwd=dCtJaFYrWk9mL1RlZ29aNmpJVE0vZz09
За било какви прашања, испратете електронска пошта на jules@sexworkeurope.org.