SWAN – Мрежата за застапување на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија, го објави својот нов Брифинг извештај насловен „Влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија“.
Со појавата на кризата како одговор на пандемијата со КОВИД-19, заедниците и организациите предводени од сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија (регионот ЦИЕЦА) беа сериозно погодени од вирусот и усвоените државни политики како одговор на оваа закана за јавното здравје. Овој брифинг извештај го документира влијанието на КОВИД-19 врз сексуалните работници и организациите предводени од сексуалните работници во регионот ЦИЕЦА. Ги истражува искуствата на групите во заедницата и поединечните сексуални работници за време на оваа здравствена и хуманитарна криза, а кои се поврзани со владините мерки и политики за заштита и превенција од КОВИД-19 насочени кон сексуалните работници, условите за живеење и работа на сексуалните работници, нивниот пристап до основните здравствени и социјални услуги и заштита, вклучувајќи ја и грижа поврзана со коронавирусот.
Во истражувањето учествуваа 11 организации, меѓу кои и СТАР-СТАР Скопје, со пополнување на широка онлајн анкета со цел да ги истражи различните аспекти на влијанието на пандемијата врз заедниците на сексуалните работници во 10 земји од регионот. Вкупно 137 сексуални работници учествуваа во фокус групите и индивидуалните интервјуа.
Во овој брифинг документ е демонстрирано како пандемијата ги изложи постојните и донесе нови, ранливости и форми на институционално, економско и структурно насилство на кое се подложени сексуалните работници. Понатаму, со овој брифинг документ е разгледано како групите на сексуални работници ширум регионот на ЦИЕЦА реагираат на пандемската криза преку обезбедување на основните потреби, подобрување на нивниот пристап до права, здравствени услуги и заштита, и залагајќи се за промена на државните политики. Исто така, ги разгледува предизвиците со кои се соочуваат заедниците и организациите предводени од сексуалните работници и вклучува проценка на влијанието на стратегиите на донаторите и флексибилноста во програмирањето и спроведувањето. Нa крај, документот дава препораки за организациите предводени од сексуални работници за интервенции и текови на финансирање кои ќе ги надминат или ублажат негативните ефекти од пандемијата врз сексуалните работници, ќе ги унапредат позитивни примери на отпорност и ќе ги искористат можностите што се појавуваат во новата средина.
Целокупниот документ е достапен во ПДФ формат, на англиски јазик: „Влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија“.