Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа – NSWP го објави својот нов Брифинг извештај за влијанието на анти-родовите движења врз сексуалните работници.
Во последниве години, анти-родовите движења, т.е движењата организирани против правата на маргинализираните и криминализираните групи прераснаа во глобални движења со големо влијание ширум светот. Групите против правата на мигрантите лобираат за порестриктивни политики, со што го прекршуваат правото на движење и миграција. Групите против сексуалното и репродуктивно здравје и права и групите против правата на ЛГБТИ заедниците го отфрлуваат пристапот до сексуалните и репродуктивните услуги и здравствената грижа за потврдување на родот, со што го прекршуваат правото на здравје. Фундаменталните феминистки и аболиционистички групи продолжуваат да ја напаѓаат телесната автономија и човековите права на сексуалните работници. Покрај тоа, сексуалните работници трпат напади и дискриминација од анти-родовите движења и врз основа на нивните интерсекциски идентитети. Анти-родовите движења со нивните различни идеологии, цели и нови сојузи претставуваат закана за сите маргинализирани заедници, вклучувајќи ги сексуалните работници. Овие закани мора подобро да се разберат со цел подобро да се промовираат правата на сексуалните работници.
Во овој Брифинг извештај се прикажани главните тактики што се користат во анти-родовите движења и ги истакнува нивните влијанија врз сексуалните работници и организациите предводени од сексуални работници. Понатаму, истражува како организациите предводени од сексуалните работници ги предизвикуваат анти-родовите движења, вклучувајќи ги нивните стратегии за надминување на бариерите и успесите што ги постигнале. На крај, документот дава препораки за почитување и заштита на човековите права на сексуалните работници.
Целокупниот документ е достапен во ПДФ формат, на англиски јазик: Брифинг извештај: Влијанието на анти-родовите движења врз сексуалните работници