Постојат голем број на бордели низ целиот свет направени за сечиј вкус. Сексот отсекогаш бил и ќе биде претставен како валута. Но, додека чекаме човечкиот род конечно да ја разбере сексуалноста и да ги разбие табуата поврзани со сексот, ви претставуваме неколку од најинтересните светски бордели.
“Голема сестра“
Овој посебен бордел се наоѓа во Чешка, а во него сите услуги ќе ги добиете бесплатно, но под еден услов, а тоа е да дозволите вашите сексуални активности да бидат поставени на интернет или на телевизија. Овој бордел е идеален за воајерите. Секако услугите се поповолни за оние кои сакаат да покажат малку повеќе…
“Запалени вонземјанки“
Во Лас Вегас се отвори бордел за личности со специфичен вкус. Имено, е тематски одреден, а во него клиентите можат да уживаат во игри со девојки маскирани во било која врста на вонземјанки. Секоја девојка е специјално облечена за својот клиент, а Денис Хоф, човекот кој дојде до идеата за овој бордел, се надева дека ќе ги привлече сите обожаватели на научната фантастика.
Забавен центар “Нана“
Ова мошне посебно место во Банкгог е дом на преку 40 барови кои изобилуваат со стриптиз, танц и слични извори на забава, но исто така е познат по тоа што девојките сами ја договараат цената со своите важни клиенти. Ова е еден од ретките примери за давање на сексуални услуги без посредништво, а при тоа со мал труд може да се договори и цена која ќе ги задоволи и двете страни.
“Војна на ѕвездите“
За сите љубители на специфичната тематска забава, постои ноќен клуб во Лос Анџелес, кој помеѓу другото, нуди и редовен настап на девојките облечени во ликовите од “Војна на ѕвездите“. Секако дека девојките не се облечени во долга облека, туку напротив во секси облека но со примеси од оваа серија. Освен принцезата Лејла, најомилен лик на публиката е Чубака.
Најотмениот бордел во светот
“Mustang Ranch“ е легален бордел кој се наоѓа во Невада. Проституцијата во Невада е легална. Амбициозните сопственици велат дека сакаат да го направат овој бордел еден од најотмените и најелегантните во светот, а за тоа во прилог им оди и фактот дека овој бордел изгледа како еден луксузен хотел. Уште една занимливост е тоа што престојувањето таму е бесплатно, но клиентите ја плаќаат девојката која ќе биде цело време со нив додека се таму. Во овој бордел секаков профил на клиент може да ја добие услугата која ја бара од девојките.
“Силето“
Овој луксузен австралиски бордел се наоѓа во Сиднеј, а на своите гости им нуди повеќеметарски водопади и префинето уредени соби со најразлични теми. Некои од темите се Џејмс Бонд, Кама Сутра, Бети Буп, Римска оргија… Римската оргија всушност претставува огромна соба со бања која е наменета за собирање на голем број на луѓе.
Подвижен бордел
Ако вратата е отворена, значи дека девојката е спремна за работа, но ако вратата е затворена, а комбето е паркирано, тоа значи дека клиентите треба да се обидат малку подоцна или во некое соседно комбе, бидејќи девојката е зафатена.
Ако вратата е отворена, значи дека девојката е спремна за работа, но ако вратата е затворена, а комбето е паркирано, тоа значи дека клиентите треба да се обидат малку подоцна или во некое соседно комбе, бидејќи девојката е зафатена.
Проституцијата не е противзаконска во Франција, но некои активности поврзани со сексот се против законот. Помеѓу илегалните активности спаѓа борделот, а со оглед на тоа што човечкиот ум не познава граници кога се работи за секс и заработувачка, измислиле т.н “бордели на тркала“. Но како замена може да се најдат паркирани бели комбиња кои функционираат како станица за давање на сексуални услуги. Ако вратата е отворена, значи дека девојката е спремна за работа, но ако вратата е затворена, а комбето е паркирано, тоа значи дека клиентите треба да се обидат малку подоцна или во некое соседно комбе, бидејќи девојката е зафатена.
“Куќа на страсти“
Овој берлински бордел неодамна се освести во полза на екологијата и им понуди посебен попуст за оние гости кои доаѓаат со велосипед или користат јавен превоз. Освен тоа што придонесоа за против загадувањето на воздухот, истовремено го решија и проблемот со паркиралиштето во близина на борделот. Оваа стратегија им донесе поголема заработувачка, бидејќи сопствениците тврдат дека од почетокот на акцијата секојдневно се зголемува бројот на клиенти за по 3 или 4 нови во денот.
“Паша“
Најголемиот бордел во Европа се наоѓа во Германија и претставува дом на околу 120 проституки чии што услуги ги користат преку 1.000 клиенти дневно. Борделот има 12 ката во кои проститутките изнајмуваат соби. Некои живеат таму додека другите изнајмуваат соба само за работа. Клиентите може да се шетаат низ борделот и да разгледуваат, а за влегување во соба се наплаќа по 5 евра. По влегувањето во собата, цената за услугата се договара директно со девојката, и тие пари таа ги задржува само за себе. Девојките во борделот немаат службено макро, но треба да плаќаат данок и кирија за собата. Во склоп на “Паша“ се наоѓаат и барови и стриптиз клубови, а постојат и посебни спратови наменети за трансесксуалци.