Бангладеш започна со вакцинација на сексуалните работнички против Ковид 19

Бангладеш започна со вакцинација против за корона вирусот на сексуалните работнички, започнувајќи со најголемиот бордел во земјата, огромен реон со колиби во кои живеат околу 1900 сексуални работници.

Јужноазиската држава досега вакцинираше скоро три милиони луѓе на возраст од 40 години или нагоре со вакцината на „АстраЗенека“, и ја укина старосната граница за вакцинирање кога станува збор за сексуалните работници во градот Далатдија на западот на земјата.

„Најмалку 100 сексуални работници веќе добија вакцини против КОВИД-19“, изјави Асиф Махмуд, шеф на здравството во Далатдија.

„Многу е битно да се вакцинираат сексуалните работнички. Илјадници луѓе го посетуваат борделот секој ден, а сексуалните работници во масивниот бордел се најранливи во поглед на добивање на вирусот“.

Првите сексуални работнички од борделот што добија вакцина, требаше да патуваат до клиниката која е на 5 километри оддалеченост од борделот, но подоцна беше изјавено од страна на Асиф Махмуд дека властите планираат и посебен центар за вакцинирање во борделот.

Мохамад Ибрахим, главен лекар во Далатдија, рече дека се спроведуваат повеќе кампањи за подигање на свеста за да се охрабрат повеќе сексуални работнички да се вакцинираат.

Убавицата (40), сексуална работничка од борделот која самата така се нарекува, изјави дека првично се двоумела бидејќи слушнала гласини дека луѓето починале откако ја добиле вакцината. “Но, здравствените власти нè уверија дека вакцината е безбедна. Сега сфативме дека е важно да се вакцинираме бидејќи секој ден се среќаваме со многу луѓе”, рече таа.

Бангладеш е една од ретките муслимански нации каде сексуалната работа е легална за жени на возраст над 18 години, а најмалку 11 бордели функционираат во целата земја.

“Убавицата” вели дека вакцинацијата ќе ги подобри нивните приходи бидејќи многу клиенти се загрижени за коронавирусот и избегнуваат да го посетуваат пренатрупаниот бордел, кој се наоѓа во близина на една фреквентна железничка станица.

Во март властите ги ограничија посетите на сите бордели кога воведоа едномесечна блокада низ целата земја. Со масовната вакцинација ќе се надмине стравот од добивање на корона вирус при посета на Далатдија.

Бангладеш купи околу 30 милиони дози на вакцини Астра Зенека од Институтот за Серум во Индија и ќе добие уште 68 милиони од иницијативата COVAX, глобален систем кој има за цел да поттикне правична дистрибуција на вакцини за сиромашните нации.

Повеќе од 8.300 луѓе починаа од вирусот во Бангладеш, додека скоро 545.000 беа заразени.

Ова лошо ја погоди егзистенцијата на многу сексуални работници и нивните семејства, принудувајќи некои да се потпрат на прехранбените залихи. Многумина пак го напуштија борделот за да работат на улица.

Hумур Бегум, кој е претседател на главната асоцијација на сексуални работници во Далатдија, рече дека вакцинацијата ќе им помогне да застанат на нозе и да продолжат да си обезбедуваат егзистенција како и досега.

 

 

Tags: , , ,