„Сензибилизација на здравствените работници за специфичните потреби на трансродовите лица“ – работилница за сензитизирање на здравствените работници во Република Северна Македонија

На ден 14.10.2021 (четврток), во хотел Панорамика – Скопје, се одржа еднодневна работилница за здравствени работници „Сензибилизација на здравствените работници за специфичните потреби на трансродовите лица“ организирана од страна на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија. Работилницата има за цел да ги сензитизира здравствените работници во насока на давање на соодветни здравствени услуги според потребите на трансродовите лица во Република Северна Македонија.

Учество на работилницата земаа 8 претставници од здравствениот сектор. Работилницата ја водеа Лила Милиќ, претставничка на СТАР-СТАР Скопје и ТрансФормА како ментор на работилницата, Наташа Бошкова, правна советничка на Коалиција Маргини, и Игор Пеев, научен соработник и доктор.

На денешната работна средба се дискутираше за генералните потреби на трансродовите лица, за обезбедување на континуирана грижа и нега на трансродовите лица согласно родовиот идентитет и целите на пациентите со поставување на стандарди за здравствена заштита на трансродовите луѓе, како и пристап до соодветни третмани за ментално здравје, хормонска терапија и оперативен третман.

Работилницата е во рамки на нашиот проект “Координирани, синхронизирани и сеопфатни здравствени услуги за трансродови лица во процес на транзиција во Република Северна Македонија” поддржан од Eurasian Key Populations Coalition во рамки на грантот „Род и ХИВ“.

Tags: , ,