Двегодишен извештај (2020-2021) на ViiV Healthcare Positive Action за напредокот на програмата за поддршка на заедницата на луѓето со ХИВ 

ViiV Healthcare, по повод одбележувањето на 30 години од постоењето на Positive Action, првата фармацевска компанија основана во 1992 година, која преку својата програма финансиски ги поддржува заедниците засегнати од ХИВ и СИДА, го објавија својот двегодишен извештај за напредокот и позитивните промени кои ги постигна програмата за превенција од ХИВ без стигма и дискриминација и во насока на ставање крај на СИДА-та до 2030 година.

Во рамки на програмата за грантови пред 2020 година на Positive Action, СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот како еден од добитниците на главниот грант од ViiV Healthcare Positive Action Challenge: Stigma-Free Services for Sex Workers во 2019 година, во партнерство со Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА го имплементиравме проектот „Сексуалните работници и давателите на здравствени услуги во заедничка акција со цел овозможување сеопфатни ХИВ и СПИ услуги без стигма и дискриминација во Република Северна Македонија“.

Во рамки на извештајот објавен од ViiV Healthcare, презентирани се студии на случаеви кои ја претставуваат работата на организациите, финансиски поддржани преку програмата на Positive Action, кои работат со заедници засегнати од ХИВ и СИДА, меѓу кои и резултатите кои ги постигна СТАР-СТАР за зајакнување на програмите наменети за заедницата на сексуални работници засеганти од ХИВ во Република Северна Македонија, и во намалување на стигмата и дискриминацијата во пристапот до здравствени услуги за превенција и третман од ХИВ.

Во 2020 година, преку проектот, СТАР-СТАР во партнерство со ХЕРА им беше овомозможен пристап на 547 сексуални работници до услуги за ХИВ, преку центрите и мобилните амбуланти на ХЕРА беа испорачани вкупно 2.188 услуги за ХИВ и услуги за сексуално и репродуктивно здравје на сексуални работници и вкупно 3.593 кондоми и 1.743 лубриканти беа дистрибуирани помеѓу заедницата на сексуални работници изложени на зголемен ризик од ХИВ.

Во рамки на проектот, СТАР-СТАР го објави извештајот од истражувањето „Искуства и перцепции на сексуалните работници/-чки во Република Северна Македонија за пристапот и употребата на ХИВ превентивните методи: кондоми и пред-експозициска профилакса (ПрЕП)“. Во овој извештај се документирани и презентирани податоците од 4 фокус групи спроведени во Скопје, Гостивар и Струмица.

СТАР-СТАР во партнерство со ХЕРА и Клиниката за инфективни болести, организираше тренинг за сензибилизација на здравствените работници за поддршка на сексуалните работници и другите маргинализирани популации во пристапот до услугите за ХИВ. На тренигот беше презентирана SWIT алатката „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници“. 

Линк до Извештајот за програмата на Positive Action за периодот 2020-2021: Positive Action Progress Report

Tags: , ,