БОРБАТА СО ХИВ ВИРУСОТ НИЗ ГОДИНИТЕ

1981
На 5 јуни 1981 година, за прв пат е споменета болест која подоцна е наречена ХИВ. Во извештајот се споменуваат 5 случаи на млади мажи со пневмонија предизвикана од „carinii pneumonia“. Оваа година во Њујорк е отворена првата телефонска линија за помош. Само првата вечер имало 100 повици. Тоа е е првата светска организација на лица заболени од ХИВ/СИДА.

1982
За првпат здравствените работници почнаа да го користат терминот “синдром на стекната имунодефициенција” или СИДА, за да ги опишат случаите на ненадејна пневмонија или сакрома кај претходно здрави лица.

1984
Научниците го идентификуваа вирусот што ја предизвикува сидата. Прво го именуваа по Т-клетки погодени од вирус. Неговото име е подоцна изменето во ХИВ, или вирус на хумана имуно дефициенција.

1985
Одобрен е првиот лиценциран тест за ХИВ. Истата година актерот Рок Хадсон се појави на телевизија и ја шокираше јавноста со својот ужасен изглед, односно со она што останало од гламурозниот човек. Набрзо потоа актерот објави дека е на умирање и дека боледува од СИДА. Во тоа време неговите фанови неможеа да ја прифатат идејата дека некој вирус може да му направи такво нешто на човекот.
На 2 октомври Хадсон умира, а неговата добра пријателка Елизабет Тејлор ја основа првата Американска фондација за истражување на СИДА.

1986
Тројцата браќа Рики, Роберт и Ренди Реј се избркани од државното училиште во Флорида поради тоа што се заболени од СИДА. Се верува дека браќата Реј ја добиле инфекцијата од трансфузија на крв поради тоа што тие се хемофиличари. Откако ќе го добијат случајот на суд, нивната семејна куќа ќе биде изгорена до темел во 1987 година. Овој случај ќе доведе до национална едукација за преносливоста на сидата. Тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон пред смртта на Рики во 1992 година му ветува дека ќе започне борба против СИДА.

1990
Конгресот во САД го усвои актот Рајан Вајт по смртта на Рајан Вајт, хетеросексуалец, тинејџер од Индијана кој го добил вирусот преку третмани за хемофилија. Вајт во 1980 година бил избркан од училиште поради предрасуди, но неговата зрелост и милост ги научи вредна лекција сите оние кои живеат со вирусот.
Магазинот Life во тоа време објави фотографии од жртвата од ХИВ Дејвид Кирби како го зема последниот здив. Фотографија од студентот Терес Фрер ја прогонува нацијата и е симбол на епидемијата во Америка.

1996
Во Обединетите нации е воспоставена здружена програма за борба против сидата на ОН UNAIDS

1997
Медиумите објавуваат дека стапката на смртност за првпат од прогласувањето на епидемија е опадната благодарение на терапиите со лекови.

1999
Истражувачите од Универзитетот во Алабама објавуваат дека е откриен вирусот ХИВ кај шимпанзата. Тие веруваат дека овие животни се изворот на вирусот и според нивната теорија ловците кои биле во допир со заразената крв ја рашириле инфекцијата.

2001
Се обележува 20 годишнината од појавата на епидемијата. Во период од 20 години се заразени 60 милиони лица, а починати 22 милиони со што вирусот добива статус на најсмртонсона епидемија во светот.

2002
Одобрен е првиот тест за ХИВ, кој дава резултати за помалку од 20 минути.

2003
Одобрен е првиот лек од новиот тип анти-ХИВ лек наречен Fuzeon. Овој лек е создаден за да спречи навлегување на вирусот во клетките.

2004
Претседателот на САД Џорџ Буш воведува итен план за борба против сидата во светот. Ова историско обврзување е најголемо за борба против болест на меѓународно ниво.

2009
Претседателот Обама ја укинува забраната за влез на ХИВ-позитивни лица во САД. Ова води до најавата дека Меѓународната конференција за ХИВ ќе се одржи во САД за првпат по повеќе од 20 години.

2010
Испитувањето на микробиотичкиот гел CAPRISA 004 покажува дека го намалува ризикот за заразување на жени со ХИВ при сексуален однос до 40%

2012
На 19 меѓународна Конференција за ХИВ во Вашингтон на едно место се собрани повеќе од 25 000 доктори, научници, активисти, политичари, претставници на фармацевтски куќи, луѓе кои живеат со ХИВ и претседатели на земји. Една од главните теми на оваа конференција е лекот против ХИВ.

Се објавува дека бројот на ново заболени лица е опаднат од 50 до 25 % во светот. Според глобалните пресметки повеќе од 34 милиони луѓе се уште живеат со ХИВ.

2013
Истражувачите објавија дека дете од Мисисипи е „функционално излечено“ од ХИВ. Тие веруваат дека раната интервенција, во овој случај во првите 30 часа од раѓањето, со три различни антивирусни лекови била клучна во успехот.[:mk]Во 1981 година, светот за прв пат дознава за ХИВ вирусот, од тогаш па до сега се променети многу нешта во борбата со овој вирус, иако сеуште не е потвред лек кој може да го уништи ХИВ вирусот. Ова се некој од најважните моменти низ годините од историјата на ХИВ вирусот:

1981
На 5 јуни 1981 година, за прв пат е споменета болест која подоцна е наречена ХИВ. Во извештајот се споменуваат 5 случаи на млади мажи со пневмонија предизвикана од „carinii pneumonia“. Оваа година во Њујорк е отворена првата телефонска линија за помош. Само првата вечер имало 100 повици. Тоа е е првата светска организација на лица заболени од ХИВ/СИДА.

1982
За првпат здравствените работници почнаа да го користат терминот “синдром на стекната имунодефициенција” или СИДА, за да ги опишат случаите на ненадејна пневмонија или сакрома кај претходно здрави лица.

1984
Научниците го идентификуваа вирусот што ја предизвикува сидата. Прво го именуваа по Т-клетки погодени од вирус. Неговото име е подоцна изменето во ХИВ, или вирус на хумана имуно дефициенција.

1985
Одобрен е првиот лиценциран тест за ХИВ. Истата година актерот Рок Хадсон се појави на телевизија и ја шокираше јавноста со својот ужасен изглед, односно со она што останало од гламурозниот човек. Набрзо потоа актерот објави дека е на умирање и дека боледува од СИДА. Во тоа време неговите фанови неможеа да ја прифатат идејата дека некој вирус може да му направи такво нешто на човекот.
На 2 октомври Хадсон умира, а неговата добра пријателка Елизабет Тејлор ја основа првата Американска фондација за истражување на СИДА.

1986
Тројцата браќа Рики, Роберт и Ренди Реј се избркани од државното училиште во Флорида поради тоа што се заболени од СИДА. Се верува дека браќата Реј ја добиле инфекцијата од трансфузија на крв поради тоа што тие се хемофиличари. Откако ќе го добијат случајот на суд, нивната семејна куќа ќе биде изгорена до темел во 1987 година. Овој случај ќе доведе до национална едукација за преносливоста на сидата. Тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон пред смртта на Рики во 1992 година му ветува дека ќе започне борба против СИДА.

1990
Конгресот во САД го усвои актот Рајан Вајт по смртта на Рајан Вајт, хетеросексуалец, тинејџер од Индијана кој го добил вирусот преку третмани за хемофилија. Вајт во 1980 година бил избркан од училиште поради предрасуди, но неговата зрелост и милост ги научи вредна лекција сите оние кои живеат со вирусот.
Магазинот Life во тоа време објави фотографии од жртвата од ХИВ Дејвид Кирби како го зема последниот здив. Фотографија од студентот Терес Фрер ја прогонува нацијата и е симбол на епидемијата во Америка.

1996
Во Обединетите нации е воспоставена здружена програма за борба против сидата на ОН UNAIDS

1997
Медиумите објавуваат дека стапката на смртност за првпат од прогласувањето на епидемија е опадната благодарение на терапиите со лекови.

1999
Истражувачите од Универзитетот во Алабама објавуваат дека е откриен вирусот ХИВ кај шимпанзата. Тие веруваат дека овие животни се изворот на вирусот и според нивната теорија ловците кои биле во допир со заразената крв ја рашириле инфекцијата.

2001
Се обележува 20 годишнината од појавата на епидемијата. Во период од 20 години се заразени 60 милиони лица, а починати 22 милиони со што вирусот добива статус на најсмртонсона епидемија во светот.

2002
Одобрен е првиот тест за ХИВ, кој дава резултати за помалку од 20 минути.

2003
Одобрен е првиот лек од новиот тип анти-ХИВ лек наречен Fuzeon. Овој лек е создаден за да спречи навлегување на вирусот во клетките.

2004
Претседателот на САД Џорџ Буш воведува итен план за борба против сидата во светот. Ова историско обврзување е најголемо за борба против болест на меѓународно ниво.

2009
Претседателот Обама ја укинува забраната за влез на ХИВ-позитивни лица во САД. Ова води до најавата дека Меѓународната конференција за ХИВ ќе се одржи во САД за првпат по повеќе од 20 години.

2010
Испитувањето на микробиотичкиот гел CAPRISA 004 покажува дека го намалува ризикот за заразување на жени со ХИВ при сексуален однос до 40%

2012
На 19 меѓународна Конференција за ХИВ во Вашингтон на едно место се собрани повеќе од 25 000 доктори, научници, активисти, политичари, претставници на фармацевтски куќи, луѓе кои живеат со ХИВ и претседатели на земји. Една од главните теми на оваа конференција е лекот против ХИВ.

Се објавува дека бројот на ново заболени лица е опаднат од 50 до 25 % во светот. Според глобалните пресметки повеќе од 34 милиони луѓе се уште живеат со ХИВ.

2013
Истражувачите објавија дека дете од Мисисипи е „функционално излечено“ од ХИВ. Тие веруваат дека раната интервенција, во овој случај во првите 30 часа од раѓањето, со три различни антивирусни лекови била клучна во успехот.