Бразил врши прогон врз сексуалните работници/чки пред оддржувањто на Светското првенство

]Сексуалните работници/чки од бразилскиот град Нитерои во близина на Рио де Женеиро тврдат дека стотина нивни колеги биле нелагално уапсени, ограбени, а некои од нив и силувани од страна на полицијата во текот на изминатиот месец.

Ова претставува зголемување на насилството врз сексуалните работници/чки од страна на полицијата која која работи по наредбата да ја потсреди масовната секс индустрија во Рио пред започнувањето на Светското првенство во фудбал кое треба да се случи на 12 јуни.
grid-cell-5440-1402408469-5grid-cell-5440-1402408467-2

Мометалниот бран на полициски акции против сексуалните работници/чки во Рио започна за време на Рио+20 конференцијата на Обединетите Нации, кога полицијата изврши рација на дузина луксузни бордели кои беа популарни помеѓу странските туристи, вклучувајќи го и борделот кој лани го посети Џастин Бибер. И сексуалните работници/чки и менаџерите на борделите беа приведени, а полицијата заплени кеш и кондоми.

Обвнинителите поднесоа пријави против борделите, но подоцна ги повлекоа по завршувањето на конференцијата. Судијата кој го водеше случајот против еден од борделите кој го носи името Монте Карло, отворено го обвини обинителството за прогон на проституцијата со цел да се подобри имиџот на градот.

Сексуалната работа е легална професија во Бразил, држава која нуди социјална сигурност на сексуалните работници/чки уште од 2002. Секс туризмот е исто така легална дејност, иако бразилската претстедателка Дилма Русев не го поддржува.

Но, според бразилските закони профитирањето од страна на трето лице од трансакцијата е криминализирано, без разлика дали се работи за макро, сопственик на бордел или приватен бодигард. Делењето на стан од страна на два сексуални работници/чки е исто така нелегално.

И покрај квази-легалниот статус, секс индустријата во Рио генерално се толерира. Бразилските антрополози Тадеус Бланшет и Ана Паула де Силва направија каталог на скоро триста различни секс локали кои оперираат само на територијата на Рио.

Уште од 2005, според бразилскиоте закони за работни односи во Министерството за труд проституцијата е дефинирана како легална професија.

Според податоците на Бланшет и да Силва, полцијата во Рио во изминатите пет години има затворено дваесет и четири бордели, или скоро десет проценти од секс индустријата во Рио и се заканувал и малтретирала уште триесет и два други локали.

Надвор од Рио ситуацијата е уште полоша. Минатиот октомври, воената полиција му ги скрши двете нозете и една рака на колумбиски сексуален работник во Кампинас, град во околината на Сао Паоло.

Миатиот месец во Нитерои, градот во кој се наоѓа Музејот на современа уметност дизајниран од страна на Оскар Нимаер, полицијата изврши рација врз локалитет изнајмен од страна на сексуални работици, уапси единаесет жени и ги прати во Бангу, строг затвор во близина на Рио.

На 26 мај, полицијата упадна во уште една зграда во Нитерои. Во овој случај беа уапсени сто жени, од кои повеќето сведочеа за претепување и присилен орален секс.

Веднаш по рациите, сексуалните работици/чки излегоа на протест на улиците на градот.

Во градот домаќин на Светското првенство Бело Хоризонте, кој е познат по тоа што им овозможи часови по анлиски јазик на сексуаланите работници/чки, луѓето кои протестираа бараат признавање на нивниот равен статус и регулација на нивната индустрија за да се зголеми нивната безбедност.

Извор: http://coalition.org.mk/
[