Бил Клинтон со Ава и Барби

Низ медиумите во САД деновиве е актуелна фотографијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон со двете сексуални работнички Ава Адора и Барби, кои се доста познати во Невада каде сексуалната работа е легална.

clinton2n-1-web_s640x855

Фотографијата е направена во четвртокот на хуманитарната гала вечер во Лос Анџелес, каде Клинтон добил признание Unity Recognition Award.

Во изјавата за медиумите од страна на организаторот се негира дека двете девојки биле дел од поканетите гости на оваа гала вечер, и дека се истражува како тие успеале да упаднат и поминат покрај обезбедувањето. Но други извори тврдат дека овие две познати сексулани работнички биле поканети на оваа гала вечер, меѓу останатите гости биле и Роберт Де Ниро и режисерот Мартин Скорсезе.

Извор : http://www.washingtontimes.com/