Сексуалната Работа во Скопје била легализирана

Денес повторно се актуализира прашањето за легализација на проституцијата. А проституцијата во Скопје била легализирана уште во периодот меѓу двете војни. Таа била сконцентрирана во посебни маала и квартови во градот. Најмногу во поранешното Циган маало, на десната страна од реката Вардар, и во Старата чаршија. Јавните куќи носеле необични и егзотични имиња: “Марс”, “Венеција”, “Три вили”, “Фенерли ан”, “Океан”.

Најпознати кафеани – јавни куќи во Старата чаршија биле “Јанчев ан” и “Фенерли ан”. “Јанчев ан” се наоѓал на простороткај денешното плато пред црквата “Св. Спас”, и тој објект сега веќе не постои.

Легализацијата значела водење, пред сe, лекарска грижа за дамите на ноќта, но таа нудела и други погодности за да се заштити најстариот занает на светот. Но и државата имала полза преку плаќањето даноци. Постојат записи и уметнички текстови кои многу автентично ја сликаат атмосферата и спецификата на јавните куќи во Скопје, како и други, документарни кажувања, кои се трајни сведоштва.

Целиот текст за сексуалната работа во старо Скопје е објавен во јулскиот број на S-Work.