Аплауз за новинарите !

На 17-ти декември беше одбележан Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Вчерашниот марш на црвените чадори во центарот на Скопје беше централен настан за кампањата “Тортура не е Култура “ во чиј склоп се одржаа изложба Sex Work in Art и работилници на теми поврзани со одбележувањето на овој ден.
Граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР Скопје, искрено се заблагодарува на сите кои беа вклучени во активностите на оваа кампања. Искрена благодарност испраќаме и до нашите партнерски организации кои ни дадоа безрезервна поддршка и до сексуалните работници кои собраа храброст да истапат од сенките на маргините.

Маршот на цревниот чадор  беше медиумски покриен од страна на 40-тина интернет сајтови, од сите ТВ станици со национална концесија, и повеќе од 7 печатени медиуми кои пишуваа за настанот. Сакаме да истакнеме и при тоа да ги охрабриме новинарите кои воедно имаа изработено и кратки истражувања на темата при што се докажува дека сепак постојат големи професионалци во македонскиот новинарски свет.

СТАР-СТАР во име на сексуалните работници од Скопје и Македонија, силно аплаудира на професионалноста и објективноста на скоро сите медиумски куќи од Македонија при известувањето за <em>маршот на цревниот чадор.

Новинарите и медиумите покажаа огромна одговорност при што нивните вести, стории и истражувања направија исчекор за намалување на насилството, дискриминацијата и говорот на омраза, и придонесоа за унапредување на човековите права и подобар живот за сите граѓани кои живеат во Македонија, вклучувајќи ги и оваа група на луѓе кои се наоѓаат на маргините во нашето општество.

Ви Благодариме.