Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата

Драги пријатели, познати и непознати …

Во пресрет на 17 октомври, меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата започнуваме интензивна медиа кампања. Го бараме вашето активно вклучување.

Ако ве мачи вас или вашите блиски СИРОМАШТИЈА, НЕВРАБОТЕНОСТ, БЕСПАРИЦА, раскажете ни ја таа животна приказна БЕЗ СРАМ, НЕ СТЕ САМИ, повеќе од 1000 000 луѓе во Македонија го имаат истиот проблем …

Пишете ни КАКО ЖИВЕЕТЕ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ? Како се снаоѓате?
Имате ли кому да се обратите? Ви помага ли некој? ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО?

ВАЖНО ни е ДА ГО СЛУШНЕМЕ ВАШИОТ ГЛАС …
Ние сме Македонска платформа против сиромаштија и се застапуваме не за „барања во името на сиромашните“ туку за „поддршка на барањата на сиромашните“.

Пишете ни …
е-маил info@mpps.org.mk
link: https://www.facebook.com/mppsmk/
порака во инбокс на https://www.facebook.com/mppsmk/ или јавно на вашиот фб профил со хаштаг #сиромаштија #живот

Ви благодариме.