ПОВИК: Ангажирање на консултант за Мониторинг и Евалуација на проектно ниво

Ангажирање на консултант за Мониторинг и Евалуација на проектно ниво
-Опис на работната задача-

Име на проектот: Организациско јакнење на капацитетите на СТАР-СТАР
Донатор: Фондација Отворено Општество
Спроведувач: Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје
Предмет: Ангажирање на надворешен консултант од областа на проектна и организациска мониторинг и евалуација

За спроведувачот: Од 2007 до 2010 година, СТАР претставуваше активистичко движење на група млади луѓе кои имаа една заедничка цел – унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Македонија, притоа активно вклучувајќи ги лицата од сексуалната индустрија во имплементација на своите активности.
Со намера да ја промовира важноста на цивилниот сектор во процесот на демократското управување, кон средината на 2010 година СТАР поднесе иницијатива за влез во Централниот регистар на РМ. На 25.05.2010 година СТАР беше заведен во Централниот регистар како Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР.
Денес, СТАР е дел од Граѓанскиот сектор промовирајќи ги своите аспирации, придонеси и потреби, стремејќи се кон отворено општество кое знае да ги препознае, прифати и почитува различностите..

1. Цел на прооектот: Јакнење на организациската структура на СТАР-СТАР.

2. Специфични задачи од областа на мониторингот и евалуацијата за чие што исполнување бараме професионална експертиза:
1. Развивање на вештини и унапредување на знаењето кај клучниот персонал од областа на мониторингот и евалуацијата;
2. Развој на организациски процедури за спроведување мониторинг и евалуација на проектно ниво;
3. Развој на сет од алатки за спроведување на мониторинг и евалуација на проектно ниво;
4. Спроведување на евалуација на селектиран (веќе однапред имплементиран проект) од страна на спроведувачот;
5. Подготовка на финален извештај во однос на спроведената активност;

3. Временска рамка: Реализацијата на задачите се очекува да биде реализирана во рок од 15 дена од започнувањето на процесот на мониторинг е евалуација.

4. Начин на координација: Избраниот консултант се задoлжува да води интензивна комуникација со договорувачот на задачата.

5. Профил на консултантот и начин на аплицирање: На повикот може да се пријават физички или правни лица. Заинтересираните правни/физички лица, најдоцна до 19.10.2016 година до 16 часот, по електронска пошта на bozhinov@starsexwork.org и star.contact@yahoo.com потребно е да достават:

-работна биографија на апликантот
-предлог на акционен план за реализација на специфичните задачи
-предлог временска рамка
-предлог (нето) цена за понудената услуга

6. Критериуми за избор: Понудата со најниска цена, како и приложен доказ за реализација на слична активност, ќе биде земена во предвид за склучување на договор за имплементација на активноста.

Ангажирање на консултант за Мониторинг и Евалуација на проектно ниво