Стигнавме до 49-то издание на нашиот онлајн магазин. Во него ќе прочитате:

Исповед на трансексуалната работничка – Елеонора Крос
„Првата посериозна врска ја започнав на 14 годишна возраст која траеше точно три години“ – започнува да раскажува Елеонора (уметничко име).

Романските сексуални работници кои работат во Лондон се загрижени поради излегувањето на Британија од Европската Унија

Со помош на колективот на сексуални работници во Англија, мал број жени се осудиле да се спротистават на оваа одлука, тврдејќи дека самовработените сексуални работници се легитимни во однос на правото на престој во
земјата. Една од целите на операцијата Nexus е да се фатат сите криминалци и индивидуалци кои прават „голема штета” на ЕУ, но жените велат дека тие се таргетирани неправедно – дека иако немаат криминално досие се подготвуваат за нивна депортација.

Полицијата во Њуарк, Њу Џерси, САД, неодамна уапси 13 сексуални работници и клиенти под обвинение за врешење проституција.
Овие остри мерки се преземени и покрај истражувањето за негативното влијание кое го има криминализација на сексуалната работа врз здравјето и безбедноста на сексуалните работници и нивните клиенти.

Соња Сајзор
Малку се оние луѓе кои се подготвени да ја ризикуваат својата егзистенција и да ја споделат својата приказна со светот. Ханде Кадер, транс жена и ЛГБТ активистка, неодамна е силувана и брутално убиена во Турција. Во Бразил, домаќинот на овогодинешните Олимписки игри, на секои 24 часа се случува по едно убиство на трансродова личност.

Целата содржина на S-Work No.49 можете да ја погледнете ТУКА