Престанете да ја мешате сексуалната работа со трговија со луѓе!

Оние кои лобираат против сексуалната работа велат „сексуална работа“ а мислат „трговија со луѓе“. Тотална заблуда. Дали воопшто ја разбираат разликата? Да избереш сексуална работа не значи дека си приморан тоа да го правиш – тоа е исто како што сексот не е силување, и да бидеш чистачка не значи да си роб. Ало, противници – постои нешто што се вика согласност. Активистката Лора Ли вели дека мешањето на феминистките во работата на сексуалните работници е продавање магла.
„Постојано гледам ужасни статии во печатените медиуми, кои едноставно не се вистинити. Што
се однесува до жените кои јас ги познавам, а работат во Велика Британија и Ирска, урнебесно би се смееле ако за нив кажете дека се принудени да ја работат оваа работа, дека се ранливи, или пак дека некој со нив тргува. Сексуалните работници се меѓу најсилните личности кои некогаш ќе имате можност да ги запознаете. Затоа што мораме да бидеме такви”.

Во изминативе години, Моли Смит (Лора Ли) – тоа е нејзиниот псевдоним- се залага за декриминализација на сексуалната работа во Шкотска.
„Она што е зачудувачки во оваа дебата е тоа што другата страна не сака да признае дека законите кои ги предлагаат може да им нанесат штета со тоа што ги криминализираат работниците и сексот“.
„Другата страна“ сака закони како што се оние во Шведска и Норвешка, но како што вели Смит:
„Луѓето кои таму продаваат секс се уште се криминализирани доколку работат заедно, а сексуалните работници кои се мигранти се депортираат. Тоа не е феминистичка утопија“.
Споредено со Нов Зеланд, каде сексуалната работа е легална, сексуалните работници велат дека се чувствуваат побезбедно во својата работа и имаат подобар однос со полицијата. Минатата година, за прв пат една сексуална работничка од Нов Зеланд го тужеше својот работодавец според Законот за работа и труд и победи.
„Има луѓе кои се залагаат за застапување на штетни закони”, вели Ли.
„Но, пред сè тие треба да зборуват со луѓето кои што тие закони ги таргетираат”.

Минатата година неколку актерки, вклучувајќи ја Ема Томпсон и Мерил Стрип, богати дами, апелираа до Амнести Интернешанал да се спротивстават на предлогот за декриминализација на сексуалната работа. Амнести ја поддржа легализацијата после две години интензивно истражување и консултирање со сексуалните работници низ целиот свет.
„Ние активистите во сексуалната работа имаме една изрека”, вели Ли,
„Ништо за нас, без нас”. Тоа е фраза која и трансродовите активисти често ја користат.

„Постојат одреден тип на феминистки“, вели Смит, „кои се држат до сфаќањата на жените во 70-тите години и кои чивствуваат длабока и ирационална омраза кон сексуалните работници и транс жените“. Претпоставувам дека на овие две појави гледаат како нешто што луѓето го „работат”, и кога упорно би се залагале, луѓето би престанале да купуваат секс, или сексот и сите другите работи кои ги нервираат надмените жени на белиот феминизам би се промениле. Тие се
современи мисионерки, со бели ракавици, кои се тука за да не спасат, со тоа што би не спречиле да правиме со нашите тела тоа што сакаме.

Ли е дипломатски настроена. „Не се сомневам дека некои од нив имаат добри намери, но во најдобар случај, лошо се информирани“.
Дали навистина веруваат дека може да го укинат најстариот занает на светот?
„Никогаш не постоело некое општество без сексуалната работа“, вели Ли, „и никогаш нема ни да постои. Според мене, се работи за тоа како ќе постапиме со најранливите луѓе“. Секако дека има ранлива група луѓе кои се вклучени со секс индустријата. Исто како што има ранливи луѓе на естрадата. Во банкарството. И во политиката. „Неможеш да ги заштититиш со тоа што ќе ги лишиш од заработувачката“, додава Ли.

Многу сексуални работници се сложуваат да се легализира сексуалната работа со што би се подобриле нивните услови за работа. Сослушувајќи ги сите жени што имаат да кажат, може само да се потврди дека дебатата за сексуалната работа е само уште еден начин на губење време. Исто како што е и ‘војната против дрогата’ или ‘дебатата за климатските промени’, всушност тука и нема што да се расправа – доказите се непроценливи. Но и понатака се изнесуваат аргументи, до бескрај, како во случај кога клиентите кои никогаш не свршуваат. И тоа е депресивно. Бидејќи секако, треба да ја декриминализираме сексуалната работа!