Што треба да се направи за сексуалната работа да стане побезбедна професија?

Многу сексуални работници се сложуваат да се легализира сексуалната работа со што би се подобриле нивните услови за работа. Сослушувајќи ги сите жени што имаат да кажат, можам само да потврдам дека дебатата за сексуалната работа е само уште еден начин на губење време. Исто како што е и ‘војната против дрогата’ или ‘дебатата за климатските промени’, всушност тука и нема што да се расправа – доказите се непроценливи. Но и понатака се изнесуваат аргументи, до бескрај, како во случај кога клиентите кои никогаш не свршуваат. И тоа е депресивно. Бидејќи секако, треба да ја декриминализираме сексуалната работа. Што не би се случило поради некои непромисленици.

Стигмата претставува најголема причина поради која сексуалните работници ја напуштаат својата професија

Шерил е 38-годишна девојка, бивша сексуална работничка, која вели дека нејзиниот нов менаџер на нејзината нова работа постојано ја исмевал велејќи дека имала „односи со јавноста“.
Кајла, 61 година, откако нашла нова работа набрзо истата и ја напуштила, откако нејзиниот колега дознал од полицаец дека таа претходно била „проститутка и наркоманка“. Откако ја изгубила работата, единствена опција и било да се врати на претходната – сексуалната работа.


Сексуалните работнички зборуваат за својот љубовен живот

Не се впуштам во врски со мажи затоа што ми е премногу тешко да ги лажам, а на ниту еден маж не би можела да му ја кажам вистината. Еднаш, на мојот поранешен дечко му реков дека во минатото имам работено како сексуална работничка и ме игнорираше два дена додека да одлучи дали сака да продолижи со нашата врска. Во тој период, бев скршена и загрижена дека тоа би значело крај на нашата врска. Ме преиспитуваше што се сум работела и со колку клиенти сум била и дали тоа сум го работела додека сме биле заедно. Бев усрамена и растроена. Од тогаш, неколку пати се забавував и имав кратки и минливи врски, но и понатаму ми е тешко да лажам луѓе. Мразам што водам двоен живот, но не се доверувам ни на своите најблиски пријатели поради тоа што се плашам дека ќе ме осудуваат.

Фотографии од најстарата Берлинска улица на црвените фенери

Сабина ја запознав додека седев на скалите пред мојата куќа. Ми беше потребно да соберам храброст за да ја прашам дали смеам да ја фотографирам. Сè до таа вечер, никогаш не ми ни падна на памет да фотографирам било што поврзано со сексуалната работа. Скоро ниту една од девојките не ме погледна во очи. Таа вечер, кога запознав Сабина, бариерата исчезна засекогаш.

Целата содржина на S-Work No.46 можете да ја погледнете ТУКА