Чекор напред во унапредувањето на социјалниот систем во РепубликаМакедонија, во работата со маргинализираните групи

Социјалната исклученост , нееднаквиот третман во социјалната заштита, недоволното познавање на потребите на сексуалните работници беа основните причини за одржување на тренингот “ Унапредување на модели и практики во социјалниот систем “ во Маврово, во периодот од 15-17 април 2016 година, во реализација на Граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР. На тренингот учествуваа осум претставници од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје и четворица претставници од граѓанскиот сектор . Како фасилитатори на тренингот беа вклучени социјални работници од здружението на граѓани “ Опција” Охрид , здружението на граѓани “ ХОПС – Опции за здрав живот “ Скопје , како и претставници на СТАР-СТАР. Во текот на тренингот, фасилитаторите во целост ја претставија работата на СТАР-СТАР, сервисите кои што ги нудат здруженијата на граѓани “ Опција” и “ ХОПС- опции за здравживот “ , но пред се беше претставена сексуалната работа како работа и потребите на сексуалните работници. На истиот тренинг беа презентирани законските мерки кои што ги таргетираат истите, и беа разработени две студии на случај. Очекувањата од оддржаниот тренинг беа целосно исполнети, а тоа се покажа со големиот мотив и интерес на претставниците од Меѓуопштинскиот Центар за социјалнаработа со навлегување во проблематиката која што се третира од страна на граѓанскиотсектор, како и зголемување на соработката помеѓу од една страна, Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа како претставник на централната власт и од друга страна, граѓанскиот сектор. Претставниците на Меѓуопштинскиот Центар ги предложија следните насоки во кои треба да се развива меѓусекторската соработка:- Мотивација на лицата од самата заедница за вклучување во системот .- Подобрување на информациите на социјалните работници од здруженијата на граѓани во однос на сервисите кои што ги нуди Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа.- Едукации за социјалните работници во однос на информираност на сексуалнитеработници.- Обучување на поголем број на лица од самата заедница кои што би ги мотивирале останатите лица од заедницата, за користење на сервисите од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа.
СТАР-СТАР во име на заедницата која ја претставува, изразува особена благодарност доМинистерството за труд и социјална политика на Република Македонија како и до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, за дадениот придонес во реализацијата на оваа активност.[:mk]Социјалната исклученост , нееднаквиот третман во социјалната заштита, недоволното познавање на потребите на сексуалните работници беа основните причини за одржување на тренингот “ Унапредување на модели и практики во социјалниот систем “ во Маврово, во периодот од 15-17 април 2016 година, во реализација на Граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР. На тренингот учествуваа осум претставници од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје и четворица претставници од граѓанскиот сектор . Како фасилитатори на тренингот беа вклучени социјални работници од здружението на граѓани “ Опција” Охрид , здружението на граѓани “ ХОПС – Опции за здрав живот “ Скопје , како и претставници на СТАР-СТАР. Во текот на тренингот, фасилитаторите во целост ја претставија работата на СТАР-СТАР, сервисите кои што ги нудат здруженијата на граѓани “ Опција” и “ ХОПС- опции за здравживот “ , но пред се беше претставена сексуалната работа како работа и потребите на сексуалните работници. На истиот тренинг беа презентирани законските мерки кои што ги таргетираат истите, и беа разработени две студии на случај.
Очекувањата од оддржаниот тренинг беа целосно исполнети, а тоа се покажа со големиот мотив и интерес на претставниците од Меѓуопштинскиот Центар за социјалнаработа со навлегување во проблематиката која што се третира од страна на граѓанскиотсектор, како и зголемување на соработката помеѓу од една страна,

Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа како претставник на централната власт и од друга страна, граѓанскиот сектор. Претставниците на Меѓуопштинскиот Центар ги предложија следните насоки во кои треба да се развива меѓусекторската соработка:
– Мотивација на лицата од самата заедница за вклучување во системот .
– Подобрување на информациите на социјалните работници од здруженијата на граѓани во однос на сервисите кои што ги нуди Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа.
– Едукации за социјалните работници во однос на информираност на сексуалнитеработници.
– Обучување на поголем број на лица од самата заедница кои што би ги мотивирале останатите лица од заедницата, за користење на сервисите од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа.

СТАР-СТАР во име на заедницата која ја претставува, изразува особена благодарност до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија како и до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, за дадениот придонес во реализацијата на оваа активност.

13054925_10208269959100980_2057944770_o

13078158_10208269970301260_535941091_o

13078365_10208269950420763_1946855960_o